МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Свет
Најмалку 28 загинати откако брод со мигранти потона кај Бахамите

Најмалку 28 загинати откако брод со мигранти потона кај Бахамите

понеделник, 04 февруари 2019, 14:31ч.   |   Z.H.

 Најмалку 28 лица загинаа откако брод со мигранти од Хаити потона крај брегот на Бахамите, објави „Мајами Хералд“ повикувајќи се на информации од армијата на Бахами.

 
Според извештајот, од водата живи се извлечени вкупно 17 лица.
 
Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, изјавил за весникот портпаролот на одбранбените сили на Бахамите, Џонатан Роул.
 
Министерот за надворешни работи на Хаити, Бочит Едмонд, ја нарече трагедијата „навистина многу тажна“.
 
– Тие се наши браќа и сестри кои бараат подобар живот, а потоа се соочуваат со ужасна смрт. Тоа е навистина тажно, рече Едмонд.
 
Одбранбените сили на Бахами соопштија дека трагедијата била откриена откако жителите пријавиле дека пронашле четири тела во водите во близина на влезот во пристаништето Марш во Абако.
 
– Ниту еден пат не вреди за да се ризикува животот – ве молиме предупредете ги семејствата и заедниците: Нелегалните операции со мигранти и шверц се опасни и често завршуваат со трагедија, објави американската Амбасада во главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
Голема трагедија ја скрши Меркел
Амбасада на Русија: Велика Британија намерно провоцира со испраќање „апачи” во Естонија
Богаташите од оваа земја нарачуваат пица од Лондон која им ја носат со авион
Една од најбогатите Русинки загина во авионска несреќа
Внуката на Садам Хусеин напиша книга за нејзиното семејство
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.