МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Технологија
Chrome ве предупредува ако забележи сомнителни линкови

Chrome ве предупредува ако забележи сомнителни линкови

недела, 03 февруари 2019, 11:35ч.   |   L.E.

 Дали некогаш ви се случило погрешно да ја искуцате веб-адресата на страницата која сакате да ја посетите? Тоа повеќе нема да биде проблем ако користите Google Chrome, бидејќи прелистувачот ќе ве предупредува кога ќе забележи сомнителен линк.


Оваа функција е во фаза на тестирање уште од објавувањето на Chrome Canary 70 минатата есен и во моментов може да се активира како експериментална во стабилната верзија на Chrome.

Прилично често интернет измамниците користат намерни грешки во куцање со обид да ги „уловат“ луѓето кои направиле грешка при впишувањето на URL адресата. Тие страници изгледаат како нормални, но се дизајнирани за да украдат лични податоци и останати информации.

Google Chrome ќе почне да прикажува панел под URL адресата со кој ќе се обиде да го предупреди корисникот. Ваквото известување ќе му даде до знаење на корисникот дека тој посетува веб-страница која можеби не сакал да ја посети, и дека таа веројатно му ја нарушува интернет безбедноста.

Во комбинација со веќе постоечките предупредувања кои Chrome ги испраќа за небезбедни локации, ова подобрување би требало да биде доволно за да ги спречи луѓето да „паѓаат“ на лесни измами./kajgana.com

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.