МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Економија
Странските инвестиции лани достигнале 624 милиони евра

Странските инвестиции лани достигнале 624 милиони евра

четврток, 28 февруари 2019, 12:25ч.   |   L.E.

Скопје, 28 фебруари- Над 600 милиони евра се директните странски инвестиции во земјава во текот на минатата година. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните директни инвестиции во 12-те месеци изнесуваат 624 милиони евра, од кои 311 милиони се во инвестиции во четвртиот квартал.

Според министерот за финансии Драган Тевдовски ова е највисок износ на странски инвестиции досега.

-Во 2018 година имаме остварено највисок износ на странски директни инвестиции досега. Споредено со претходните години, странските директни инвестиции се неколкукратно повисоки. Ваквиот раст е потврда за исправниот правец во кој што се движи државата – политичката стабилизација, прогресот кон НАТО, макроекономската стабилност, исправната фискална политика и реформите, изјави за МИА министерот Тевдовски.

Оцени дека високиот прилив странски инвестиции ќе значи повисока вработеност, повисоки плати, подобар животен стандард – што се и главните цели на Владата, на кои посветено работи.

Според земјата на потекло, најголем инвеститор лани била Обединетото Кралство со 113 милиони евра, потоа следуваат Германија 38 милиони, по 36 милиони се Турција и Бермуди, 31 милион се од Луксембург и Бахами, Грција 26 милионио, 17 милиони се странските инвестиции од Италија, 13 милиони од Романија…

Според дејноста најголемиот дел од инвестициите 212 милиони евра биле во производство.

Претходната година, односно 2017 година, вкупните директни инвестиции изнесувале 181 милион евра./МИА

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Што велат Цветанка и Игор за нивното искуство со Cashback World картичките
Објавена најновата листа на должници на УЈП
За 10 дена меѓу „ЕВН снабдување“ и „ЕЛЕМ трејд“ ќе се бира универзален снабдувач со електрична енергија
Двајца Македонци на листата „30 под 30” на Forbes за 2019 година
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.