МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Oсмани: Назначувањето на Муслиу за директор не вознемири сите, Пендаровски да ја преи..
Шутирање на мали голчиња со мандатите на Груевски и Богоевски
Пендаровски поддржува намалување на привилегиите на функционерите
Економија
КОЖУВЧАНКА ДОО е нов партнер на ФЕДЕРАЦИЈАТА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ!

КОЖУВЧАНКА ДОО е нов партнер на ФЕДЕРАЦИЈАТА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ!

среда, 27 февруари 2019, 13:35ч.   |   Z.H.

 Денес, на 27.02.2019 (среда), на официјален состанок  во просториите на КОЖУВЧАНКА ДОО - Кавадарци се потпиша договор за соработка помеѓу КОЖУВЧАНКА И ФЕДЕРАЦИЈА НА УЧИЛИШЕН СПОРТ.

 
  Во текот на целата 2019-та година постои план и програма направена од “Федерација на училишен спорт” која што секоја недела има свои активности и проекти, а сега заедно со Кожувчанка ДОО како верен поддржувач и помагател на спортот во државата ќе се обидат да го подобрат и зајакнат организацискиот модел на училишниот спорт, со кој веруваме дека ќе се постигнат поефикасни резултати во развојот на целокупниот спорт во нашата држава.
 
  “Еден од планираните проекти за тековната 2019-та година кој што е содржан во нашиот маркетинг буџет е токму оваа соработка со училишниот спорт, како дополнителен мотив за младите спортисти, федерацијата и спортските работници. Се надевам дека секоја наредна година нашата поддршка ќе се зголемува, а ние ќе се вложуваме за да допринесеме во јакнење на овој систем, бидејќи нашиот најголем фокус, а воедно и за секое општество, се младите како основа и двигатели на едно здраво општество.”- Изјави за  идната соработка Маркетинг менаџерот на Кожувчанка ДОО Кавадарци, Митко Јовановски. 
 
 
  “За разлика од останатите федерации, нашата е една комплексна федерација која што има една голема масовност со интеграција на сите 460 училишта (основни и средни), поткрепени со 36 општински сојузи на училишен спорт кои што сите здружени ја сочинуваат федерацијата. Голема благодарност до компанијата “Кожувчанка” за поддршката која што ја дава, и за овој почеток каде основен акцент се става на масовноста на младите во спортот и се надеваме на долгорочна и успешна соработка.” - Истакна Претседателот на федерацијата Александар Туфекчиевски.
 

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.