МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Македонија
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно

Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно

понеделник, 25 февруари 2019, 13:54ч.   |   Xh.I.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во интервју за третиот канал на грчката државна телевизија ЕРТ, ги објаснува промените што веќе се направени, но и оние што следат во врска со новото име, јави дописничката на МИА од Атина.

На почетокот на прилогот на ЕРТ3, Нухиу го покажа печатот што веќе се става во македонските пасоши, каде е новото име Северна Македонија.

– Би сакал да кажам дека ги имаме направено сите промени на таблите на влезовите во нашата земја со нашето име Северна Македонија. Исто така направивме други промени во однос на печатите во сите служби на МВР – вели Нухиу.

Во однос на регистарските таблички на возилата, новинарот во прилогот објаснува дека и тие ќе бидат променети во следните четири месеци од „МК“ во „НМК“, додека, пак, заменик-министерот го објаснува решението за преодниот период.

-Имаме решение за преодниот период. Подготвивме т.н. бесплатни лепенки за сопствениците на возила додека да го имаме новиот сообраќаен код на земјата – објаснува заменикот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу во интервјуто за ЕРТ3, пренесе МИА.

© ЖУРНАЛ    ~244,82

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.