МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Судот забрани продажба на книгата „До атентатот и по него“, за авторот Андов ова е „н..
Кандидатурите на Пендаровски и Силјановска за претседател доставени во ДИК
Шилегов: Оваа пролет ќе бидат засадени 1.200 дрвја во сите скопски општини
„Македонија-Блокира“ со кривична пријава против ДИК за Филип Петровски
Економија
Повратот на ДДВ во јануари натфрлен за 16,8% во однос на лани

Повратот на ДДВ во јануари натфрлен за 16,8% во однос на лани

недела, 24 февруари 2019, 10:39ч.   |   L.E.

 Во јануари фирмите добија 2,2 милијарди денари поврат на данок за додадена вредност (ДДВ), или 35,7 милиони евра. Ова е за 315 милиони денари или 16,8 отсто повеќе во однос на истиот месец лани.

 

Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека продолжува праксата на редовен и неселективен поврат на ДДВ, што е значајно за одржување на ликвидноста во стопанството.

-Редот кој го воспоставивме со повратот на ДДВ, односно обезбедувањето на редовен и неселективен - автоматски поврат, е значаен за подобрување на ликвидноста во стопанството. Со тоа се обезбедува нормално работење на фирмите, но и се стимулира инвестициската активност - истакнува Тевдовски.

 

Во насока на обезбедување на автоматски поврат на ДДВ, Управата за јавни приходи направи и Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници, кој ќе биде имплементиран во текот на годинава.

 

Mинатата година, Министерството за финансии изврши вкупно поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 23,1 милијарда денари (375,6 милиони евра). Тоа е за 3,7 милијарди денари (или 60 милиони евра) повеќе во однос на 2017 година, или за 19,3% повеќе.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Што велат Цветанка и Игор за нивното искуство со Cashback World картичките
Објавена најновата листа на должници на УЈП
За 10 дена меѓу „ЕВН снабдување“ и „ЕЛЕМ трејд“ ќе се бира универзален снабдувач со електрична енергија
Двајца Македонци на листата „30 под 30” на Forbes за 2019 година
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.