МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Занимиливости
Светот ја доби првата жена-робот водителка на вест (Видео)

Светот ја доби првата жена-робот водителка на вест (Видео)

недела, 24 февруари 2019, 10:36ч.   |   L.E.

 Кинеската новинска агенција Синхуа ја ангажираше првата во светот жена-робот водителка на вести. Агенцијата соопшти дека нејзиното име е Син Сјаомен, која е развиена во соработка со компанијата Sogou, што се занимава со пребарување и индексирање на информациите во глобална мрежа. Всушност, токму Sogou е креаторот на овој модел на вештачката интелигенција. Водителката ќе известува за седниците на кинеското собрание на народните претставници и кинескиот консултативен комитет. Ова всушност се главните политички настани во државата.

 

Да потсетиме, минатата година во Синхуа се појави првиот маж-робот водител на вести, Џан Чао. До денес, тој има презентирано 3.400 телевизиски вести, со вкупно времетраење од повеќе од 10.000 минути. Но, сега е веќе познато дека тој ќе биде отпуштен, а на негово место ќе биде назначена Сјаомен, која за разлика од него не е статична, туку може да се движи и да гестикулира. Во последниве години, Синхуа активно експериментира со новинарството, базирано на алгоритми со елементи на вештачка интелигенција. Во 2017 година, агенцијата ја вработи Цја Цја, која иако робот, уверливо изгледаше како млада жена облечена во традиционална кинеска облека. Таа водеше интервју со информатичкиот експерт Кевин Кели, но не се справи со задачата, бидејќи од прашањето до одговорот правеше паузи подолги од 10 секунди. Оттогаш, роботите-водители на Синхуа се значително подобрени.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Девојче остана живо по пад од 26 кат (Видео)
Шок на венчавката: Младоженецот го уапсиле, а невестата веќе била мажена!
Кога се мачите да донесете одлука, поставете си го само ова прашање
Најбогатиот човек на светот го има рецептот за среќен живот – поставете си ги овие 12 прашања
Учител од Кенија освои награда за најдобар наставник од 1 милион долари и скоро сите пари ќе ги даде на сиромашните
10 факти за Бутан, земја каде што нема бездомници, и медицината е бесплатна за сите
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.