МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Економија
Двајца Македонци на листата „30 под 30” на Forbes за 2019 година

Двајца Македонци на листата „30 под 30” на Forbes за 2019 година

петок, 22 февруари 2019, 14:49ч.   |   Z.H.

 Аријана Коскарова и Бојан Коскаров од Македонија се на листата „30 под 30” за 2019 година за Европа која ја објави магазинот Forbes.

Оваа година листата вклучува претставници од 34 европски земји во 10 категории, а Аријана и Бојан се најдоа во категорија „социјални претприемачи” со нивниот модел на иновативно неформално образование – Creative Hub.
Во категорија социјално претпримништво се избираат млади кои преку своите бизнис идеи прават општествено добро, а Creative Hub во Македонија токму преку 5П концептот го подобрува образовниот систем и дава можност за стекнување на вештини и компетенци кои се бараат денес на пазарот на труд.
Creative Hub е концепт на иновативен тренинг хаб кој работи по 5П пристап односно предавачи кои се ескперти од област, програми кои одговараат на потребите на пазарот, визитинг предавачи, настани во текот на програмата и платена пракса за секој учесник. Овој тренинг хаб постои од август 2017 година и за неполни 2 години успеа да се издигне како центар за квалитет препознатлив по урбаните настани како ПР Бар, Македонски Маркетинг настан, HR Сабота, Photography Masterclass со Фотографот на Vogue итн. Аријана и Бојан во моментов го отвараат и својот втор хаб во Тирана, Албанија.
Покрај нив, оваа година на листата се најдоа и актерот Даниел Ретклиф, фудбалерот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман, пејачката Камила Кабело, францускиот фудбалер Де Канте, наследникот на гигантот Loius Vuitton, Антоан Арно и многу други.

© ЖУРНАЛ    ~63,21

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.