МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Македонски и грчки експерти ги кројат учебниците, наставните програми и карти
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Економија
Италијански компании во потрага по нови трговски партнерства и инвестиции

Италијански компании во потрага по нови трговски партнерства и инвестиции

петок, 22 февруари 2019, 12:49ч.   |   L.E.

 Пласман на италијански козметички производи на пазарот во државава, трговија со прехранбени и вински производи, соработка на турооператори, инвестиции во обновливи извори на енергија, иновации и градежништво, се областите во кои италијански компании гледаат можности за соработка со фирми од државава.

На бизнис форум во Скопје, во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија и Италијанско-македонската стопанска комора, истакнаа дека очекуваат нови инвестициски проекти, заеднички настап на трети пазари и трговски партнерства што ќе придонесат за натамошно зголемување на трговската размена, која лани забележа раст од 13 проценти во однос на 2017 година.

– Многу од партнерите кои се дел од Италијанско-македонската стопанска комора се присутни тука во Северна Македонија, нивниот интерес за инвестиции е огромен, заинтерсирани се и во делот за соработка, трговија, инсталација на нови машини, уреди,… рече Енрико Петрела, претседател на Италијанско-македонската стопанска комора.

Како што истакна Данела Арсовска, претседател на ССК, трговската размена меѓу двете држави бележи раст, но неопходна е посветеност за намалување на разликите во размената и охрабрување на компаниите за нови деловни партнерства.

– Покрај посакуваното зајакнување на добрите деловни релации, потребно е заедно да се посветиме на намалување на разликите во трговската размена и поттикнување на компаниите за конкретни партнерства и меѓусебна соработка. Одличните релации што ги градиме со коморите од Италија, како квалитетино поставени канали на соработка, се во насока на охрабрување на компаниите во мисијата да пронајдат сигурни деловни партнери да ги користат овие канали, рече Арсовска, посочувајќи и на можностите од искуството на италијанските компании во реализација на поголеми инфраструктурни проекти.

Министерката без ресор за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска им порача на бизнисмените да ги искористат можностите за соработка и таа да резултира со нови инвестиции. Со членството на државава во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ, посочи, Владата обезбедува политичка стабилност што е важна за одлуките на инвеститорите.

Апостолска очекува интеграциските процеси во НАТО и ЕУ да резултираат со поголем раст на БДП и прилив на нови инвестици, како во Албанија и во Бугарија. Претставувајќи ги видовите финансиска поддршка што ги нуди државата на инвеститорите министерката истакна дека таа се обезбедува преку транспарентни постапки.

– Лани поддржавме над 250 компании преку средства од државниот Буџет, а за годинава се издвоени 4,1 милијарда евра за поддршка на инвестиците и обезбедување на сите услови што им се потребни на инвеститорите, рече Апостолска, укажувајќи дека нејзиниот Кабинет е во постојани разговори за привлекување нови инвестиции.

Во државава работат 130 компании со италијански капитал, а лани Италија беше наш шести трговски партнер. Вкупната трговска размена минатата година изнесуваше 614 милиони евра што е зголемување во однос на 2017 од 13 проценти. Извозот во 2018 година достигна 184 милиони евра, а увозот 430 милиони евра, при што споредено со 2017 имаме пораст на извозот за 12,6 проценти, но и пораст на увозот за 14, проценти.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Започнува евиденцијата на УЈП на банкарските сметки на граѓаните
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Што велат Цветанка и Игор за нивното искуство со Cashback World картичките
Објавена најновата листа на должници на УЈП
Европски перспективи за наследниците на семејните бизни во Македонија
За 10 дена меѓу „ЕВН снабдување“ и „ЕЛЕМ трејд“ ќе се бира универзален снабдувач со електрична енергија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.