МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Култура
Животот посветен на Македонија претставен во монографијата на Кипроски

Животот посветен на Македонија претставен во монографијата на Кипроски

сабота, 02 февруари 2019, 11:45ч.   |   L.E.

 Монографијата „Македонија, мој копнеж – Манојил Мане Јаковлевски“ од Киро Кипроски беше промовирана денеска во просториите на Музејот на македонската револуционерна борба – Скопје.

Јаковлевски е еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, прв претседател на македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ во Берлин, претседател на задграничниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Европа и координатор на задграничните комитети на партијата.

– Ме радува што ја промовираме монографијата напишана од Киро Кипроски, кој ги наслика животот и борбата за слободна Македонија во текот на половина век делување за македонската кауза. Монографијата претставува само мал ден на она што го поминав. За да се изоди овој пат заслуги имаа и моите истомисленици. Монографијата ќе остане во аманет на моите деца за продолжување на борбата – истакна Јаковлевски, кој е роден на денешен ден во 1951 година во гостиварското село Зубовце.

Во биографијата се наведени интересни случки од неговиот печалбарски живот во Берлин, за неговата активност во македонските политички организации во Европа, поради што беше постојано следен од тајните служби на СФРЈ. Внесени се текстови на значајни историски настани што се случуваа во дијаспората во средината на минатиот век, малку познати за пошироката јавност. Тие се оттргнати од заборавот и сведочат за македонските патриоти кои се бореа за независна, обединета, соверемена и демократска држава Македонија, беше наведено на промоцијата.

– Треба да ги промовираме 460-те страници за еден господин кој животот го посветил на семејството и на Македонија. Јас ги бележев овие настани со години, за дел од нив бев иницијатор, учесник и организатор, ги објавував во „Нова Македонија“ – кажа авторот Кипроски, кој одбележува 50 години работа во новинарството.

Промотори на монографијата се професорите Михајло Миновски, Марјан Ивановски и писателот Блаже Миневски. Промоцијата беше во организација на печатницата „Европа-92“ која ја издаде монографијата.

На промоцијата беа присутни архиепископот г.г. Стефан на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и бројни гости од општествениот живот. М.Ж.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.