МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Свет
Белгијци сѐ уште примаат пензија од нацистичкиот режим

Белгијци сѐ уште примаат пензија од нацистичкиот режим

вторник, 19 февруари 2019, 12:35ч.   |   Z.H.

 Белгиските пратеници бараат појаснувања од државата за 27 лица кои примаат пензија воведена од режимот на Адолф Хитлер во нацистичка Германија.

 
Овие дополнителни пензии произлегуваат од закон воведен од страна на Хитлер во 1941 година со кој се наградувале Белгијците кои и биле „лојални“ на нацистичка Германија, право кое никогаш не било укинато во Германија.
 
Пратениците денеска ќе дебатираат за резолуција во која се бараат дополнителни детали за овие пензии, како и поголема фискална и социјална еднаквост.
 
Овие 27 лица и се познати на германската амбасада во Белгија, но нивните идентитети никогаш не и биле соопштени на белгиската држава.
 
Дополнително, според германското право, годините кои колаборационистите ги поминале во белгиските затвори се сметаат за работен стаж според нацистичкиот закон. Износот на овие пензии е од 425 до 1.275 евра во некои случаи.
 
Вкупно, од крајот на Втората светска војна, 38 илјади Белгијци ја примиле оваа дополнителна пензија како награда за нивната лојалност кон Адолф Хитлер.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Норвешката министерка за здрвство порача: Пушете и пијте колку сакате
Русија ја коментираше победата на комичарот на претседателските избори во Украина
Фото: Едно лице е убиено, а седум се ранети, во инцидентот со пукање во училиште, во САД
Ким ја напушти Русија четири часа порано
Голема трагедија ја скрши Меркел
Украински министер кажа дека ќе влезе во Москва со тенкови, Русите одговорија со иронија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.