МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Македонија
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа

Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа

вторник, 19 февруари 2019, 15:34ч.   |   Xh.I.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за денеска најави први резултати по реакциите во јавноста за случаи на непотизам со вработувања во институциите на лица блиски до функционерите на власта.

„Ќе се повлечат луѓето, првите резултати ќе ги видите денеска, но да оставиме тоа да бидат конкретни чекори најавени од самите луѓе во овој процес“, рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за поевтин роаминг со Грција.

Тој најави дека многу бргу Владата ќе го презентира законот за високораководна служба, што, како што рече, ќе овозможи деполитизација на менаџерските позиции и ќе значи и гаранција за процесите за вработување и за изборот на луѓе.

Манчевски појасни дека изборот ќе го врши комисија со претставници и од институцијата, но и надвор од нив, и оти ќе се оди чекор понатаму од концептот со формирањето на Комисијата што ги избираше членовите на Антикорупциската комисија.

„Одиме дури и чекор понатаму. Не на пример како што беше изборот на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата каде што имаше четворица претставници од Собранието и тројца од надвор. Во оваа комисија ќе бидат подеднакво, ако не и во мнозинство, лицата кои се надвор од институциите. Тие ќе го прават рангирањето и ќе достават листа од најдобрите три или пет кандидати“, наведе Манчевски.

Како што најави, по завршување на претседателските избори треба да се воведе и ограничување на бројот на лица кои може да бидат вработени на определено време.

„Оваа работа ќе почне да се разрешува денеска, а законските решенија ќе влезат во процедура. До крајот на изборите имаме забрана за секаков вид вработувања, така што тоа ни дава доволно време да ги поставиме системот и законите за да бидат во сила веднаш кога ќе завршат изборите“, изјави Манчевски.
 

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.