МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Хан: Северна Македонија е единствената земја во регионот што нема спор со ниту еден с..
Медиумите до утре треба да поднесат извештај за рекламите за избори
Џафери воздржан за барањето пратениците да одат на нарко-тест, чека конкретна иниција..
Изминатата недела најмногу заболени од морбили од почетокот на епидемијата
Економија
За 10 дена меѓу „ЕВН снабдување“ и „ЕЛЕМ трејд“ ќе се бира универзален снабдувач со електрична енергија

За 10 дена меѓу „ЕВН снабдување“ и „ЕЛЕМ трејд“ ќе се бира универзален снабдувач со електрична енергија

вторник, 19 февруари 2019, 13:08ч.   |   L.E.

Скопје, 19 фебруари- Во наредните десетина дена ќе заврши аукцијата по што ќе се избере универзален снабдувач со електрична енергија. Двете заинтересирани компании „ЕВН снабдување“ и „ЕЛЕМ трејд“ ги исполнуваат сите услови, а ќе се избере онаа која ќе понуди најмала маржа, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.

 

Според Бислимовски, до формално-правно почнување на вршењето на дејноста на универзален снабдувач ќе треба да поминат уште два до три месеци во формални постапки пред РКЕ за добивање на неопходните дозволи.

„Согласно Законот за енергетика, и двете компании што се заинтересирани да станат универзален снабдувач ќе треба да формираат посебна компанија со цел да ги одвоиме регулираната од нерегулираната дејност. На таа компанија РКЕ ќе ѝ издаде лиценца за снабдување со електрична енергија со обврски кои се однесуваат на универзалниот снабдувач. Тоа го правиме со цел да нема прелевања на финансиски средства од нерегулиран на регулиран пазар и малите потрошувачи кои останале на регулираниот пазар да не ги покриваат загубите кои евентуално снабдувачите би ги направиле на слободниот пазар на електрична енергија“, рече Бислимовски.

Компанијата што ќе биде избрана за универзален снабдувач потоа ќе треба да формира посебна компанија што ќе врши дејност универзален снабдувач, но дотогаш ЕВН Македонија АД Скопје ќе ги снабдува малите потрошувачи и домаќинствата по цени што ги определува РКЕ.

Бислимовски додаде дека нема да има никаков прекин во снабдувањето и никаква промена во цената на електричната енергија за домаќинствата во процесот на профункционирање на универзалниот снабдувач, а дополнително АД ЕЛЕМ има законска обврска да ги снабдува и да обезбеди најмалку 80 отсто од потребите на потрошувачите. Процентот, како што додаде тој, ќе се намалува во наредните седум години сѐ до најмалку 30 отсто од потребите.

На денешната седница РКЕ додели и привремена лиценца за вршење енергетска дејност производство на електрична енергија за малите хидроелектрани „Тополки“ и „Актуел енерџи“, како и лиценца за снабдување со електрична енергија за „Флоу пауер“.

© ЖУРНАЛ    ~60,20

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.