МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Османи-Која: Упадот во ИВЗ е срамен чин и ја загрозува секуларноста на земјата
Киро Здравев избран за нов претседател на Судскиот совет
Кирацовски: сестра ми и мајката на сопругата се повлекуваат од работните места
Политичките судири во „двојка“ кај иста судијка
Македонија
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски

Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски

понеделник, 18 февруари 2019, 09:40ч.   |   Xh.I.

Таа е првата жена која е предложена од десничарската ВМРО-ДПМНЕ за шеф на државата, поради што Гордана Силјановска-Давкова вели дека можеби е знак оти доаѓа времето на жените во Македонија, пишува „Телевизија 24“ во описот на нејзиното животно и политичко досие откако беше официјално избрана за претседателски кандидат на опозицијата.

Професорката Силјановска не е без искуство во политиката. Во 1992 година беше министер без ресор во Владата на Црвенковски. Сега, 27 години подоцна стана претседателски кандидат на најголемата опозициска партија. Силјановска вели дека како независен кандидат побарала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, зашто и е неопходна политичка поддршка.

Професорката по уставно право заедно со нејзината пријателка Ванковска беше дел од студетскиот пленум, во обид да ја одбранат автономијата на универзитетот кога се носеше спорниот Закон за високо образование. Жесток критичар на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот лидер Никола Груевски.

Но која е Гордана Силјановска Давкова. Родена е на 11 мај 1955 во Охрид. Но само по една година нејзиното семејство се вратило во Скопје. За себе вели дека имала безгрижно детство. Била галениче во домот како најмало од трите деца на семејството. По потекло родителите и се од Кичево кои многу рано дошле во Скопје. Силјановска израснала практично во дворот на сегашната бела палата на ВМРО-ДПМНЕ, зашто семјената куќа се наоѓала на местотот каде сега е изградено Министерството за финансии.

Нејзина страст во детството биле ролшуите, па едно време била и првенка во Скопје. Втората страст и бил рокенролот што го научила од нејзината постара сестра. Силјановска сакала да студира медицина, но по првата средба со професорот Иван Пухан се родила страст кон правото. Како професор смета дека на изборните листи на партиите не треба да се само политички војници. Силјановска беше дел од тимот што го напиша македонскиот Устав. Сега најавува отворање на прашањето за промена на името. Прашана од новинарите, како претседател на која државата ќе ја даде заклетвата, на Република Северна Македонија или на Република Македонија, Силјановска одговори.

„Да го почекаме колнењето. Вие го знаете моето мислење за Република Северна Македонија. Инаку, овие пратеници, овој премиер се колнеа на Уставот па потоа заборавија. Тогаш ќе чуете како ќе се заколнам јас“.

Освен како борец против Преспанскиот договор со Грција, Силјановска е позната во јавноста и како жесток критичар на двојазичноста, односно употребата на Законот за јазиците. Како иден претседател прва задача најави дека ќе и биде иницијативата за укинување на привилегиите на претседателот бидејќи ако народот живеел сиромашно во социјална држава, тоа треба да го делат и претседателите.

Силјановска-Давкова во време на стартот на транзицијата кај нас, беше член на првата политичка Влада на РМ, направена веднаш по кусиот опстанок на т.н. експертска влада на Кљусев. Во оваа политичка Влада влегоа и некогашните членови на Младинската напредна партија (некогашниот Сојуз на социјалистичката младина), која се спои со Сојузот на реформски сили на Македонија на Стојан Андов, а потоа станаа Либерална Партија (1990). Како и да е Силјановска-Давкова доби министерство без ресор (1992 – 1994), но беше член и на телото кое работеше на Уставот на РМ (Уставна комисија на Собранието од 1991 г.), пренесува „Мета“.

Во она време, а и сега се мислеше дека Владата на Црвенковски ја прави шефот на државата – Глигоров и дека истата е „скопска“, односно дека министри станаа главно деца на негови политички пријатели (Крсте Црвенковски, Владо Малески и други), во чиј круг може да се стави и снаата на покојниот социјалистички функционер Павле Давков.

© ЖУРНАЛ    ~268,92

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.