МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Можно решение за законот за јавно обвинителство прифатливо за сите
Рашковски: Република Северна Македонија на фасадата на Владата по изборите
За двајца технички експерти за следење комуникации се пријавиле седум луѓе
Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители
Македонија
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот

Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот

сабота, 16 февруари 2019, 18:29ч.   |   Xh.I.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и членовите на делегацијата денеска на конференцијата за безбедност во Минхен се сретнаа со претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај.

„Двајцата премиери изразија големо задоволство од односите меѓу двете земји меѓу кои не постои отворено прашање и изразија подготвеност да настојуваат на зацврстување и на проширување на соработката во многу области, особено во делот на соработката и размената на информации за безбедносни прашања. На средбата косовскиот премиер Харадинај им честиташе на претставниците на делегацијата на Република Северна Македонија за статусот поканета членка во НАТО и изрази надеж дека ратификацијата на Протоколот за пристапување ќе заврши многу брзо со што нашата земја ќе се стекне со полноправно членство во Алијансата. Оваа нова реалност на Западен Балкан е од особено значење за целиот регион, беше истакнато на средбата и означува момент кој ќе придонесе и мирот и стабилноста како основа за севкупен и економски развој на регионот во целина“, информира владината прес-служба.

На разговорот меѓу членовите на делегацијата потврдена е и натамошната заемна поддршка меѓу двете земји и за европските аспирации како стартешки интерес за граѓаните на двете земји.
 

© ЖУРНАЛ    ~55,19

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Заев: На пописот ќе има графа за етничка припадност, тоа е важно и за помалите заедници
Возачот на автобусот кој се преврте и неговото семејство го напуштиле домот во Гостивар
Налепниците со „НМК“ ќе се делат бесплатно
Досие Силјановска Давкова: Од министер на Црвенковски до претседателски кандидат на Мицкоски
Милошоски направи математика на нова коалиција: СДСМ 49 + 2 ГРОМ + 3 БЕСА + 1 Амди…
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.