МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Македонија
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест

Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест

петок, 15 февруари 2019, 15:33ч.   |   Xh.I.

Дурмиш Белули, сопственикот на компанијата „Дурмо турс" два дена по несреќата даде изјава за ТВ 24 и изрази жалење и сочувство со семејствата на настраданите и повредените. Според него можна причина за несреќата е здравствен проблем на возачот кој критичниот ден го управувал автобусот. Тој потенцира дека возилото ги поминало сите техничките прегледи во технички сервис, во кој тој е мнозински сопственик.

„Чувствувам морална одговорност, бидејќи тие патници беа дел од нашите семејства. Со нас патуваа со години и со сите се познаваме. Од трагедијата сме потресени и сме во длабок шок“, вели Белули.

За можните причини околу несреќата, Белули наведува дека одговорниот за возниот парк, непосредно по несреќата стапил во контакт со возачот кој му рекол дека загубил контрола врз автобусот најверојатно поради здравствен проблем.

„На прашањето од одговорниот дали станува збор за техничка причина, возачот одговорил негативно и додал дека во тие моменти најверојатно имал некаков здравствен проблем. До местото каде што се случило излетувањето немало траги на кочење, ниту друга реакција на возачот“, вели Белули

Според Белули немало пречекорување на работното време на возачот и дека сѐ било во согласност со пропишаните норми.
 

© ЖУРНАЛ    ~78,26

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.