МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Спорт
Паратичи раскажа како го обезбедил трансферот на Роналдо во Јуве

Паратичи раскажа како го обезбедил трансферот на Роналдо во Јуве

вторник, 12 февруари 2019, 16:09ч.   |   Xh.I.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи раскажа како го договорил потпишувањето на договорот со Кристијано Роналдо.

“Кога игравме во Мадрид во Лигата на шампионите, агентот на Роналдо Жорже Мендеш дојде да разговара со мене. Обично така постапуваме со него. И му реков: „Кристијано е неверојатен“. Тој ме погледна и одговори: „Нема да поверувате, но Роналдо изјави дека би сакал да биде во Јувентус ако го напушти Реал Мадрид“, рече Паратичи за Gazzetta dello Sport.

„Мислев дека е шега. Потоа се сретнавме со Мендеш на аеродромот, за да разговараме за трансферот на Кансело, за што не требаше многу време. Мендеш даде до знаење дека е сериозен, потсетувајќи на разговорот за Роналдо. Рече дека Кристијано го напушта Мадрид. Тој рече дека Роналдо играл за Манчестер Јунајтед, за Реал Мадрид, само за големи тимови, со кои освоил титули. Тој истакна дека Кристијано не играл во Италија, па би сакал да биде во Јувентус, за да освои трофеи со нас. Мендеш додаде: „Толку плата, толку пари за трансфер“. Го замолив да поминат неколку дена“, заврши Паратичи.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Откриено кој го изнајмил авионот за кобниот лет на Сала
„Некој му дозволил на Сала да направи голема лудост која ја плати со – својот живот!“
Неверојатен пресврт: Клоп го напушта Ливерпул и се сели во редовите на Реал Мадрид
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.