МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Македонија
Заев побара моратариум на политичките кавги

Заев побара моратариум на политичките кавги

вторник, 12 февруари 2019, 16:12ч.   |   Xh.I.

Со интонирање на химната на НАТО пред владата денеска беше развиорено знамето на НАТО. На свечената церемонија на која присуствуваа голем број актуелни и поранешни високи државни и партиски функционери, претставници на судската власт, на дипломатскиот кор во земјава се обрати премиерот Зоран Заев, кој во својот 30 минутен говор испрати повеќе пораки меѓу кои и таа дека Македонија во наредните денови ја почнува следната комплексна етапа во изградбата на државата, според европски стандарди, во која никој не може да ја блокира земјата од надвор.

Заев при тоа рече дека и покрај тоа, не е време за еуфорија, туку дека земјата ја чека повеќегодишна работа на спроведување на реформите. Тој најави системски реформи во институциите, но и во општеството, еднаквост пред правдата на сите и нула толеранција за корупцијата.

Заев вети дека резултатот од овие реформи ќе биде видлив веднаш бидејќи граѓаните гласале за тоа.

Премиерот најави дека освен членството во НАТО иднината на земјата е ЕУ. За исполнување на таа цел Заев побара од сите политичарите и партии искрено и без лицемерие да го стават тоа како најважен национален-државен интерес.

Тој освен ова барање до нив упати и порака битката за власт во земјава да не го попречува тој пат на земјата.

Во обраќањето Заева најави дека Македонија во наредните десет години ја очекуваат многу предизвици, но и работа, алудирајќи на преговорите за членство во ЕУ за кои рече дека Брисел нема да биде попустил и да и гледа на земјата низ прсти. Крајната цел, како што рече, не е само членството во Унијата, туку европеизацијата на земја, што е многу подолг процес од остварувањето на членството.

Заев кој обраќањето го започна со зборовите дека наскоро на владата ќе биде поставено името Република Северна Македонија, обраќањето го заврши со зборовите:

„Да живее Република Северна Македонија“

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.