МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Култура
Македонскиот документарец „Медена земја“ откупен за проекции во САД

Македонскиот документарец „Медена земја“ откупен за проекции во САД

вторник, 12 февруари 2019, 13:25ч.   |   L.E.

Компанијата Neon ги откупи правата за прикажување на македонскиот документарец „Медена земја“ (Honeyland) на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска.

 

Со победа во три категории, „Медена земја“ триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал Санденс, каде покрај големата награда на жирито (Grand Jury Prize) за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија (Special Jury Award for Cinematography). Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change).

По премиерата на 28 јануари на Санденс, документарецот доби одлични рецензии од реномираните филмски критичари и медиуми меѓу кои: Ентони Кауфман од Screen International, Шери Линден од престижниот Hollywood Reporter, Гај Лоџ од Variety, Крис О’Фалт од Indierwire, Ерик Хајнс од Film Comment, Соња Епстин од Sloan Science And Film и други.

„Медена земја“ ја раскажува приказната за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушување на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на Земјините ресурси.

Продуцентот и монтажер на филмот е Атанас Георгиев, музиката ја направија членовите на групата „Фолтин“, а како музички супервизор се јавува Рана Еид од „ДБ Студиос“ (DB Studios) од Бејрут.

Документарецот, кој е во продукција на „Аполо медиа“ и „Трис филмс“, е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија – проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од „Фармахем“, а поддржан е и од Агенцијата за филм на Република Македонија./ОХРИДПРЕС

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.