МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Спорт
Марсело: Кристијано ми недостасува, Бејл се уште не знае шпански

Марсело: Кристијано ми недостасува, Бејл се уште не знае шпански

вторник, 12 февруари 2019, 13:13ч.   |   Xh.I.

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело откри кои поранешни соиграчи му недостасуваат во Мадрид и направи изненадувачко откритие за крилото на „белите“ Герет Бејл. Излегува дека за 6 години во Шпанија, Велшкиот репрезентативец не сепотрудил да научи шпански јазик.

„Бев во многу добри односи со Кристијано, неговото семејство и неговата девојка. Игравме заедно 9 години и нормално е сега да ми недостасува. Ме растажи и заминувањето на Кико Касиља (тој премина во Лидс – н.з.), чие шкафче во соблекувалната беше до моето. Секој ден го прашував: „Еј, Кико, како оди?“. А сега нема со кој да си муабетам, никој нема да одговори“, изјави Марсело, цитиран од „Marca“.

„Од другата страна е шкафчето на Бејл, но тој не зборува шпански, тој знае само англиски, па ние комуницираме со гестови“, додаде Бразилецот.

Како што е познато, Бејл се пресели во Мадрид од Тотенхем во 2013 година. Марсело е во клубот од 2007 година

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Откриено кој го изнајмил авионот за кобниот лет на Сала
„Некој му дозволил на Сала да направи голема лудост која ја плати со – својот живот!“
Неверојатен пресврт: Клоп го напушта Ливерпул и се сели во редовите на Реал Мадрид
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.