МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
СДСМ: Посветени сме на земјоделците, лозарите, сточарите, овоштарите, поледелците и градинарите

СДСМ: Посветени сме на земјоделците, лозарите, сточарите, овоштарите, поледелците и градинарите

вторник, 12 февруари 2019, 11:54ч.   |   Xh.I.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај земјоделците и развој и унапредување на земјоделството, соопшти СДСМ.

– Се надминува долгогодишен проблем со неплатеното грозје на лозарите од Тиквешкиот регион. Државата обезбеди 1.5 милиони евра за исплата на долгот на приватните винарници кон лозарите за предадениот род во периодот 2014 – 2016 година. За првпат се воведува мерката „зелена нафта“ односно кофинансирање на трошоците од 30 отсто за набавка на нафта за земјоделска механизација. Со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци, а за нејзина реализација обезбедени се 200 милиони денари. Се зголемува поддршката за малите земјоделски стопанства под 1 хектар. Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесуваат 6.000 денари по хектар, односно 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја, се вели во соопштението.

Мерката, се додава, опфаќа 13.000 земјоделци, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците.

– Се зголемуваат и субвенциите за јаболкопроизводителите од 33.000 на 41.000 денари по хектар, а значително поголеми субвенции ќе добијат и производителите на ориз. Финанската поддршка за оризопроизводителите ќе се зголеми од 12.000 на 25.000 денари по хектар со користен сертифициран семенски материјал, односно од 6.000 на 18.000 денари по хектар без задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал. Обебзедено е значително зголемување на субвенциите и за сточарите, поледелците и градинарите. Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат развој на земјоделството, зголемена конкурентност, сигурен пласман и квалитетно производство, соопшти Центар за комуникации со јавност Социјалдемократски сојуз на Македонија.
 

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.