МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Регион
Амбасада на САД: Не сме организатори, ниту финансиери на протестите во Белград

Амбасада на САД: Не сме организатори, ниту финансиери на протестите во Белград

вторник, 12 февруари 2019, 12:47ч.   |   Z.H.

 САД не се организатори, ниту финансиери на протестите „1 од 5 милиони“ во Србија, соопшти Амбасадата на САД во Белград, како одговор на тврдењата на белградскиот весник „Информер“, кој пишуваше дека токму американската Aмбасада стои зад протестите.

 
– Не знаeмe зошто, но „Информер“ одбива да ги објави фактите. Нашата работа е да ја разбереме Србија. Редовните состаноци со политичарите од власта и опозицијата, како и другите ширум Србија, се дел од таа работа. САД не се организатор, ниту финансиер на „1 од 5 милиони“, некој лаже, се наведува во пораката на Амбасадата на Твитер.
 
„Информер“ пред неколку дена објави фотографии за кои наведe дека „докажуваат оти Амбасадата на САД и нивните луѓе за специјални операции стојат зад протестите во Белград, кои се одржуваат од декември минатата година“.
 
Во еден од текстовите се наведува дека „нема дилема оти Политичкиот оддел на американската Амбасада во Белград ги координира демонстрациите и им дава инструкции на нивните организатори“.
 
Во прилог на тоа, „Информер“ објави и фотографии, од кои на една се наоѓа Јелена Анасоновиќ, една од организаторите на протестите „како прима инструкции од третиот секреатр на Амбасадата на САД“, а на друга Сергеј Трифуновиќ, претседател на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на состанок со Дејвид Линдгрен Геренбек, советник во американската Амбасада и Натан Албахар, службеник на ИСАК фондацијата.
 
Амбасадата на Твитер објави фотографија со прашањата на новинар на „Информер“ во врска со тие средби и ставот на Амбасадата за протестите, вклучувајќи го и прашањето дали Амбасадата и амбасадорот ги поддржуваат протестите, како и исечок од еден од текстовите на „Информер“.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Најсрамниот момент од пречекот на Владимир Путин во Белград
Нова порно афера ја тресе Србија: Девојки со џоинт ја снимаат другарката додека има секс - на масата дрога и пари
Дрецун: Мора да прифатиме дека голема Албанија ќе биде создадена
Србите спремаат спектакуларен дочек на Путин - пред храмот ќе се соберат 70.000 луѓе
Гром удри во авион кој сообраќал од Келн за Солун
Починаа двајца познати актери од Хрватска и Србија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.