МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Свет
Бонсаи дрво старо 400 години украдено од градина на брачен пар во Токио

Бонсаи дрво старо 400 години украдено од градина на брачен пар во Токио

вторник, 12 февруари 2019, 13:44ч.   |   Z.H.

 Сејџи Јимура и неговата сопруга Фујуми во полиција пријавиле дека седум бонсаи дрвца исчезнале од нивната градината во Токио. Според Си-ен-ен, вкупната вредност на дрвцата се проценува на околу 105 илјади евра.

 
„Нема зборови да се опише како се чувствуваме. Дрвцата беа бесценети за нас“, напиша Јимура на социјалните мрежи, притоа давајќи им инструкции на крадците како да се грижат дрвцата.
 
Бонсаи е минијатурно дрвце кое се одгледува во саксија и бара специјализирани техники на одгледување, кои потекнуваат од Источна Азија.
 
Едно од украдените бонсаи дрвца е од видот Шимпаку Џунипер. Овој вид се смета за еден од најбараните меѓу колекционерите на бонсаи, а се проценува дека вреди повеќе од 80.000 евра.
 
На својот фејсбук профил Фујуми напиша: „Нашиот Шимпаку е стар околу 400 години. Потребна му е соодветна грижа и без вода не може да преживее повеќе од една недела“.
 
Таа додала дека со сопругот се чувствуваат тажни и осамени, но дека ќе продолжат да се грижат за останатите дрвца.
 
Во моментов полицијата трага по крадците.

© ЖУРНАЛ    ~24,8

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Филмски грабеж во Италија, од блиндирано возило украдени 2,3 милиони евра
Маж со автомобил удри во пешаци и си го уби својот 2-годишен син
Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави
Кина ќе се соочи со незапирлив пад на населението
САД го спуштија статусот на ЕУ
Ел Чапо му дал 100 милиони долари на претседателот на Мексико
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.