МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Македонија
ЕК за неколку дена треба да почне да користи „Северна Македонија“

ЕК за неколку дена треба да почне да користи „Северна Македонија“

понеделник, 11 февруари 2019, 09:46ч.   |   Xh.I.

Европската Комисија се подготвува за неколку дена да почне да го користи новото име „Република Северна Македонија“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Откако двете земји го ратификуваа договорот, Европската Комисија чека да завршат сите предвидени процедури помеѓу Скопје и Атина за да влезе во сила употребата на новото име во европските институции. Македонија треба сега да ги извести Обединетите Нации и сите меѓународни и регионални организации дека Преспанскиот договор стапи во  сила и да побара од нив да го користат терминот „Северна Македонија“. Според дипломатски извори, ЕК очекува известување од Скопје до среда оваа недела, паралелно со известувањето до ОН.

Меѓутоа, некои работи не се до крај разјаснети, информираат во ЕК, односно нејасно е дали промената на терминот ќе се случи веднаш или дали ќе се чека одлуката на Колеџот на комесари или пак на Советот за надворешни работи на ЕУ, предвиден на 18 февруари, каде во заклучоците би можело да биде усвоена официјално употребата на новото име од страна на министрите за надворешни работи на ЕУ.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.