МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Регион
Босна и Херцеговина во финансиска блокада

Босна и Херцеговина во финансиска блокада

петок, 01 февруари 2019, 13:29ч.   |   Z.H.

 Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска и официјално е во финансиска блокада поради несогласувањата за буџетот за оваа година, што според процените би можело да има огромни последици за граѓаните.

 
Буџетот за 2019 година претходно доби поддршка во едниот дом на парламентот, но не може да стапи во сила додека не го потврди и вториот народен дом, на чие чело се наоѓа Лидија Брадара оа ХДЗ.
 
Босна нема усвоено ни одлука за привремено финансирање, која би можела да осигури сервисирање на расходите до 31 март. За усвојување на оваа одлука, исто така потребна е согласност од двата дома на федералниот парламент.
 
Последиците засега нема да ги почувствуваат единствено пензионерите, со оглед на тоа што за нив е потпишан налогот за исплата на јануарската пензија, но би имале проблем во февруари доколку не се усвои буџетот.
 
Земјоделците најавија дека доколку до крајот на оваа седмица не биде усвоен буџетот за 2019 година, ќе излезат на улиците и ќе ги блокираат политичките партии и зградата на канцеларијата на високиот претставник за меѓународна заедница (ОХР) во Босна и Херцеговина.
 
ОХР и амбасадите на САД и Германија претходно преку соопштение наведоа дека вториот дом на чело со Брадара нема легитимитет да усвои каков било закон. Со овој став се согласи и Брадара, која одлучи да не свикува седница порачувајќи дека нема простор за паника и никој нема да трпи последици.
 
Оваа седмица делегатите од редовите на бошњачкиот народ во Домот на народот упатија до Брадара барање за свикување вонредна седница на федералниот орган на законодавната власт, каде што би се разгледал буџетот.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Најсрамниот момент од пречекот на Владимир Путин во Белград
Нова порно афера ја тресе Србија: Девојки со џоинт ја снимаат другарката додека има секс - на масата дрога и пари
Дрецун: Мора да прифатиме дека голема Албанија ќе биде создадена
Србите спремаат спектакуларен дочек на Путин - пред храмот ќе се соберат 70.000 луѓе
Гром удри во авион кој сообраќал од Келн за Солун
Починаа двајца познати актери од Хрватска и Србија
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.