МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Свет
По низа дефекти, Германија купува нов владин авион

По низа дефекти, Германија купува нов владин авион

петок, 01 февруари 2019, 14:27ч.   |   Z.H.

 Во надеж дека ќе се стави крај на низата технички проблеми што во минатото ги попречуваа германските официјални претставници да патуваат во странство или да се вратат дома, германската армија планира да купи нов авион.

 
Портпаролот на Министерството за одбрана потврди дека почнат е процес за понуди за нов авион, веројатно „ербас А350“. Цената може да изнесува околу 180 милиони евра, а за вградување дополнителна безбедносна опрема може да се волжат дополнителни 100 милиони.
 
Германските претставници во последно време имаа низа непријатности при своите меѓународни дипломатски походи.
 
Во ноември канцеларката Ангела Меркел своето патување со комерцијален авион кон Аргентина на самитот Г-20 го заврши кусо по полетувањето.
 
Глувци ги изгризаа каблите на друг авион поради што министерот за финансии, Олаф Шулц, заглави во Индонезија.
 
Само минатиот месец, поради проблеми со авионите, беа прекинати патувањата во Африка на германскиот министер за развој, Герд Милер, и претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Филмски грабеж во Италија, од блиндирано возило украдени 2,3 милиони евра
Маж со автомобил удри во пешаци и си го уби својот 2-годишен син
Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави
Кина ќе се соочи со незапирлив пад на населението
САД го спуштија статусот на ЕУ
Ел Чапо му дал 100 милиони долари на претседателот на Мексико
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.