МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Авто
PEUGEOT 508: Избран за Најубав автомобил за 2018 година

PEUGEOT 508: Избран за Најубав автомобил за 2018 година

петок, 01 февруари 2019, 12:06ч.   |   L.E.

 Прекрасна вест ни доаѓа од 34-от Меѓународен Автомобилски Фестивал одржан во Париз, каде и годинава се избираше Најубав автомобил.

Стручното жири, на чие чело годинава беше архитектот Jean-Michel Wilmotte, за Најубав автомобил на годината 2018 го одбра новиот Peugeot 508, со освоени 34,23% гласови.

 

На второто место се пласираше новиот Mercedes A класа со 28,78 отсто гласови, додека на третото место на пиедесталот застана Range Rover Evoque со 18,68 отсто гласови.

Покрај титулата за Најубав автомобил, Peugeot годинава освои уште еден Grand Prix и тоа Најубав концепт на годината 2018 – Peugeot e-Legend и тоа со полно право.

 

Доделена е и награда за Најубав ентериер на Range Rover Evoque, како и за Суперавтомобил на годината, каде победник е Ferrari Monza SP2.

Peugeot 508 доби повеќе од третина гласови, што беше сосема доволно да му ја обезбеди престижната титула.

 

Од почетокот на продажбата во октомври минатата година, овој модел до сега е порачан во повеќе од 10.000 примероци, што е одличен резултат за лимузина од Д сегментот, која при тоа не доаѓа од Германија.

 

© ЖУРНАЛ    ~30,10

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Новиот Golf 8 без камуфлажа
Петте финалисти на Автомобил на Годината во Македонија за 2019 (Фото)
Првиот македонски електричен автомобил
Кој најмногу ги купува автомобилите на Tesla во Европа
Фантастична цена за првиот примерок од новата Toyota Supra (Фото)
Новата S- Класа со огромен екран на централната табла во стил на Tesla
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.