МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
МВР е подготвено да обезбеди безбедна атмосфера за време на гласањето, тврди Спасовск..
Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје
Панајотис Колокатис: Семејството Parkland Hospitality Group постојано расте
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е партија што спроведе селективна амнестија и лицемерно е да зборува..
Авто
По 17 години пак се продава Honda Passport – Европа нема да го види

По 17 години пак се продава Honda Passport – Европа нема да го види

петок, 01 февруари 2019, 12:05ч.   |   L.E.

 По 17 години пауза, јапонскиот производител Honda повторно во продажба го донесе SUV моделот Passport.

Третата генерација од овој модел беше премиерно претставена на саемот во Лос Анџелес минатиот ноември, а сега официјално влегува во продажба со почетна цена од 32 илјади американски долари.


Иако се шпекулираше дека ова ќе биде глобален модел на Honda, сепак на крајот од Honda одлучија овој модел да се продава само на северноамериканскиот пазар, а производството да се одвива само во фабриката во Линколн, Алабама.

Инаку во понудата овој модел ќе биде достапен само со 3.5 литарски v-tec V6 мотор кој доаѓа во комбинација со мануелен и автоматски менувач.

Во понудата на американскиот пазар, Passport се позиционира помеѓу моделите CR-V и Pilot, а доаѓа како конкурент на Chevrolet Blazer, Ford Edge, Hyundai Santa Fe и Nissan Murano.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Со 400 коњски сили, новиот Голф ќе биде брутално моќен
Skoda почна да работи на новата генерација на Octavia
Еволуција место револуција за Nissan Juke II
Најагресивниот Lamborghini Urus досега
СУВ возила со најголема потрошувачка (Фото)
Почнува продажбата на најевтиниот автомобил на Eлон Маск
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.