МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Култура
Награда „Гоцева мисла” за Кирил Темков и Жан-Патрик Конрад

Награда „Гоцева мисла” за Кирил Темков и Жан-Патрик Конрад

петок, 01 февруари 2019, 12:24ч.   |   L.E.

 Меѓународната награда „Гоцева мисла” годинава им се доделува на проф. д-р Кирил Темков од Филозофскиот факултет во Скопје и на Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите со седиште во Париз.


Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент” која соопшти дека годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите.

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”. Доделувањето е во рамки на Фестивалот на чајот и читањето, а свеченоста ќе се одржи в понеделник напладне во Културниот центар „Феникс“.
Досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла” се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија) и Ристо Василевски (Македонија-Србија).

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
За прв пат македонски филм во главната програма на Берлинскиот фестивал
Музејот на раскинати врски по 11 години повторно во Скопје
Почина актерот Славко Нинов
„Тоска“ од Пучини во МОБ
Хрватски детски филмски евергрини од денеска Во Кинотеката
Превод на поетска книга од Ненад Шапоња „Постои ли допир на твојата душа“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.