МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Технологија
Chrome ве предупредува ако забележи сомнителни линкови

Chrome ве предупредува ако забележи сомнителни линкови

петок, 01 февруари 2019, 12:18ч.   |   L.E.

 Дали некогаш ви се случило погрешно да ја искуцате веб-адресата на страницата која сакате да ја посетите, па наместо на посакуваното место, завршувате на целосно различен дел од интернетот? Тоа повеќе нема да биде проблем ако користите Google Chrome, бидејќи прелистувачот ќе ве предупредува кога ќе забележи сомнителен линк.

 

Оваа функција е во фаза на тестирање уште од објавувањето на Chrome Canary 70 минатата есен и во моментов може да се активира како експериментална во стабилната верзија на Chrome.

Прилично често интернет измамниците користат намерни грешки во куцање со обид да ги „уловат“ луѓето кои направиле грешка при впишувањето на URL адресата. Тие страници изгледаат како нормални, но се дизајнирани за да украдат лични податоци и останати информации.

Google Chrome ќе почне да прикажува панел под URL адресата со кој ќе се обиде да го предупреди корисникот. Ваквото известување ќе му даде до знаење на корисникот дека тој посетува веб-страница која можеби не сакал да ја посети, и дека таа веројатно му ја нарушува интернет безбедноста.

Во комбинација со веќе постоечките предупредувања кои Chrome ги испраќа за небезбедни локации, ова подобрување би требало да биде доволно за да ги спречи луѓето да „паѓаат“ на лесни измами.

© ЖУРНАЛ    ~27,9

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Поради нив се хакираат профили: Ако ги користите овие лозинки, сменете ги веднаш
Apple: Нови детали за 2019 iPhone смартфоните!
Apple заменил 11 милиони дефектни батерии за iPhone во 2018 година
Ова е смартфонот кој постигна помоќни бенчмаркинг резултати од iPhone XS, а пристигнува наскоро!
5 работи кои кинеските компании ги прават подобро од Samsung и Apple
Пет технолошки иновации кои ќе ви го направат животот подобар
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.