МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Македонија
Бачев: Бојкотирањето на претседателските избори е во корист на Заев и Ахмети

Бачев: Бојкотирањето на претседателските избори е во корист на Заев и Ахмети

понеделник, 11 февруари 2019, 14:17ч.   |   Xh.I.

По вчерашната одлука на Централниот комитет на Единствена Македонија партијата да учествува на претседателските избори, лидерот Јанко Бачев во отворено писмо до јавноста образложува зошто е потребно, како што вели, масовно излегување на изборите. Според него, бојкотот оди во корист на Зоран Заев и Али Ахмети.

„Собранието на седницата од 9 јануари 2009 со донесувањето на амандманот XXXI на Уставот го намали цензусот на одѕив на 40 отсто, односно претседателот во вториот круг се избира со мнозинство од избирачите што гласале доколку гласале повеќе од 40 отсто од нив. Во Македонија во моментот има 1.806.336 избирачи и уште од сега е јасно дека во вториот круг ќе има одѕив од 40 отсто (722.534 избирачи). Пишувам за вториот круг од причина што кој било кандидат не може да победи во првиот круг оти за тоа е потребно да освои мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно еден кандидат да освои во првиот круг 903.169 гласови е неизводливо и затоа уште од сега е јасно дека сè ќе се решава во вториот круг“, стои во писмото на Бачев.

Според него, со бојкотирањето се овозможува Зоран Заев и Али Ахмети да изнесат на избори во вториот круг 722.534 избирачи, што, како што вели, сигурно ќе се случи. Бачев смета дека дури и под претпоставка бојкотот да е успешен, тоа повторно е во корист на Заев и Ахмети и можни се две ситуации.

„Прво, да се повтори целата изборна постапка што ќе трате околу 6 месеци, а за тоа време и во услови кога мандатот на Ѓорге Иванов завршува на 12 мај, функцијата претседател ја извршува претседателот на Собранието (член 82 од Уставот). Што значи – Талат Џафери како претседател на државата на сите ни е јасно и не гледам причина за подетаљно образложение. Второ, можно е власта кога веќе има двотретинско мнозинство, да го промени уставниот модел и да избере претседател на државата во Собранието. Во таков случај многу е веројатно дека ќе се воведе и функцијата заменик-претседател и во иднина ќе се ротираат Македонец и Албанец како претседател и заменик-претседател“, смета лидерот на Единствена Македонија.

Како што додава тој, битно е во вториот круг да влезе опозициски кандидат со определба веднаш по победата да почне постапка за поништување на договорот за промена на името, двојазичноста, враќање на Македонија на изворните илинденски и асномски традиции.

„Во вториот круг, каде што ќе има само двајца кандидати, доколку Македонците и сите лојални граѓани масовно гласат, уште од сега сум сигурен дека ќе го победиме кандидатот на Заев и Ахмети“, смета Бачев.

© ЖУРНАЛ    ~61,21

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.