МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Занимиливости
Пет паметни работи кои ги прават пчелите

Пет паметни работи кои ги прават пчелите

понеделник, 11 февруари 2019, 12:03ч.   |   L.E.

Мозоците на пчелите можеби се мали, но тие имаат посебен начин на перцепирање и разбирање на светот во однос на луѓето. Наместо да складираат информации кои не им се потребни, пчелите знаат малку работи, но се експерти во нив.

Пресметување бројки

Минатата недела, австралиски научници открија дека пчелите кои даваат мед (Apis mellifera) можат да собираат и одземаат броеви. Четиринаесет пчели беа подложени на 100 тренинг вежби и успејаа да го погодат точниот одговор помеѓу 64% и 72% од времето. Научниците велат дека пчелите не се раѓаат со знаење да пресметуваат броеви, но можат да го научат тоа доколку луѓето решат да им покажат како.

Решавање задачи

Во 2017 година, истражувачи од универзитет покажаа дека пчелите можат да научат како да бидат наградени и потоа да им покажат на останатите пчели како да го направат истото. Пчелите во експериментот беа подучени од пчела-мамец како да преместат мало топче на означено место. Тие не само што научија да го прават тоа, туку најдоа и начин да ја скратат дистанцата помеѓу почетната точка и метата.

Даваат насоки

Карл фон Фриш ја доби Нобеловата награда во 1973 година откако го откри „танцот на пчелите“, со кој тие му ја покажуваат на партнерот за парење локацијата на нивните поленови ресурси. Враќајки се кон гнездото, пчелата вибрира со крилата на таков начин што остава информација за местото каде е сместена храната во однос на позицијата на сонцето.

Ја разбираат нулата

Пчелите кои даваат мед се првите инсекти за кои човекот открил дека имаат концепт за нула, нумерички приказ на „ништо“, кој дури и децата многу тешко го сфаќаат. Истражувачи од универзитетот од Мелбурн минатата година докажаа дека пчелите знаат што претставува нулата како броен израз, но не се сигурно зошто ја имаат оваа математичка вештина.

Споделуваат насоки

Во светот на пчелите, постои одреден вид на демократија. Кога бараат локација за нов дом за, да речеме, 10.000 пчели, околу 300 пчели создаваат „сенат“ и одлетуваат да бараат ново место. Тие го користат гореспоменатиот танц за да комуницираат меѓусебно околу потенцијални локации, а бројот на повторувања на танцот го одредува квалитетот на локацијата.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД ЗАНИМИЛИВОСТИ
Ова чудо се појавило на плажа и ги изненадило биолозите (Фото)
"Ми се закануваат со смрт" - Манекенката се соочува со сериозни навреди поради нејзиниот изглед
На Гинекологија се роди најголемото бебе родено во државата
Девојче остана живо по пад од 26 кат (Видео)
Шок на венчавката: Младоженецот го уапсиле, а невестата веќе била мажена!
Кога се мачите да донесете одлука, поставете си го само ова прашање
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.