МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Момировски: Обвинителството и МВР да го разјаснат случајот со изборната апликација на..
Ако извисат претседателските, шефот на државата ќе се избира во Собрание или на избор..
Отсуството на судијата го одложи „Монструм“
Деркоски: Сѐ се одвива беспрекорно, спремни сме за изборите
Македонија
Заев со југоносталгија од Сараево: Мене ме потсетува на Вучко и на оние мои 10 години што ги имав

Заев со југоносталгија од Сараево: Мене ме потсетува на Вучко и на оние мои 10 години што ги имав

понеделник, 11 февруари 2019, 11:37ч.   |   Xh.I.

Единството и обединувањето што ги создава спортот треба да се преслика на целиот Балкан и заеднички да се движиме кон европска иднина, истакна премиерот Зоран Заев во Сараево, Босна и Херцеговина, по церемонијата на отворањето на Европските младински олимписки игри на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“.

Нашата држава на овој фестивал ја претставуваат Ана – Марија Зафировска и Никола Петковски. Тие утре ќе се натпреваруваат во дисциплината „крос кантри“. За нив учеството на Европските младински олимписки игри е прво интернационално искуство и одлична можност за подготовка за претстојните олимписки игри во 2022 година.

Премиерот Заев искажувајќи ја поддршката за овие двајца млади луѓе, рече дека за една земја нема поголем амбасадор од спортот.

-Ја користам приликата да ги споделам чувствата, прекрасни овде на отворањето на Европските младински олимписки игри или Европски младински олимписки фестивал, што по повод 35 години од Олимписките игри, Сараево ’84 и познатиот Вучко се отвораат денеска овде. Навистина чувството е прекрасно. Мене ме потсетува на оние 10 години кога ги имав, кога буквално цела Југославија, цела Европа и верувам целиот свет беше фокусиран со очите широко отворени кон Сараево ’84 година. А имав денеска прилика и да ги видам чувствата на премиерот Денис Звиздиќ, кој лично бил пред 35 години овде на отворањето на Олимписките игри во Сараево, истакна премиерот Заев.

Тој додаде дека овој настан е прекрасен, бидејќи ја испраќа пораката на спортот за единство, обединување, презентирање на сите земји, младите категории и младинците кои доаѓаат после нас.

-Верувам дека овие олимписки игри уште еднаш ќе помогнат на целиот Балкан, на целиот регион овде да се движи напред, кон европските вредности, посочи премиерот Заев, кој беше придружуван од сопругата Зорица.
 

© ЖУРНАЛ    ~66,22

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Михаил Трендафилов-Нанче: Преродбата почнува од Охрид, тоа не е случајно. Ќе работиме домаќински и чесно за да изгрее новото сонце на слободата!
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.