МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Технологија
Нови детали за најевтиниот Galaxy S10: име, спецификации, фотографии

Нови детали за најевтиниот Galaxy S10: име, спецификации, фотографии

понеделник, 11 февруари 2019, 11:16ч.   |   L.E.

 Постепено добиваме се појасна слика за тоа што можеме да очекуваме од Samsung Galaxy S10 линијаата, а ова практично е заокружено две недели пред објавата на новите смартфони. Најновите протечени информации ни откриваат речиси се за најдостапниот модел во линијата – Galaxy S10e.

Најпрвин, кога е во прашање името, телефонот изгледа нема да го носи името Galaxy S10 Lite, бидејќи Galaxy S10e името е потврдено и на фотографиите во живо и во документацијата за сертификација на тајванската NBTC агенција.

Потоа, се појавија неколку нови фотографии, кои Galaxy S10e го прикажуваат во живо. Лењирот покрај punch hole камерата укажува дека дијаметарот на селфи камерата во дисплејот ќе биде околу 5 mm. Исто така, изгледа дека Samsung нема да проба да ја скрие punch hole камерата со инвентивни UI елементи.

 

Знаеме дека Galaxy S10e ќе има 5.8-инчен рамен екран, а сензорот за отпечаток од прст ќе биде имплементиран во копчето за вклучување од страна (за разлика од Galaxy S10 и Galaxy S10+ со екрани од 6.1 и 6.4 инчи и сензор за отпечаток на прстот во дисплејот).извор: USB.mk

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД ТЕХНОЛОГИЈА
Како да откриете кој ве пребарува на интернет?
Фејсбук Месинџер ќе се враќа во главната апликација
Плејстејшн 5 ќе биде нешто досега невидено!
Вибер воведе нова услуга: Многу е корисна, но не е бесплатна
Доминација на кинеските компании: Ова се најбрзите паметни телефони во светот
Снабдувачот на Apple, Corning развива свитливо стакло за смартфони
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.