МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Дете и возрасен заболени од морбили во тешка состојба
Лица блиски на функционерите ќе даваат откази од работа
Филипче: Студентите кои завршиле Медицински факултет ќе добијат можност за практична ..
Ибраими: Штетата во „Титаник 2″ е 413 евра
Авто
VW и PSA ги стопираат своите најмали модели во Европа

VW и PSA ги стопираат своите најмали модели во Европа

понеделник, 11 февруари 2019, 11:15ч.   |   L.E.

Приходите од продажба на мали урбани автомобили продолжуваат да паѓаат како главна причина за новите еколошки барања

Во 2017 година, овој тип возила зазема само 8% од пазарот во Европа, а тоа ги стави нивните производители во многу тешка ситуација. Според информација на Automotive News Europe, во германската VW Group и француската PSA Group веќе сериозно се загрижени за иднината на сегментот на мини-автомобили. Па дури и разговараат за можноста за запирање на нивното производство за Стариот континент.

Генералниот директор на Volkswagen Group – Херберт Даис веќе јавно ги објави дека новите еколошки правила за штетни гасови, кои стапуваат на сила во 2022 година, кои ќе се покажат како огромен проблем за производителите. Тој посочи дека, со цел целосно да ги исполни нормите во 2030 година, цената на VW UP! Треба да се зголеми за најмалку 3500 евра.


Сегашната најниска цена за овој автомобил е 11.000 евра. „Мислам дека нашите клиенти едноставно нема да можат да си дозволат такво нешто“, изјави тој.
Во концернот PSA Group исто има стравувања дека ќе дојде до запирање на производството на автомобили од оваа класа, која сега е во соработка со Toyota во фабриката во Чешка. Се претпоставува дека во 2021 година Toyota ќе стане единствен сопственик на фабриката, која ќе ги принуди PSA Group целосно да се откаже од производството на моделите Peugeot 108 и Citroën C1.

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД АВТО
Новиот Golf 8 без камуфлажа
Петте финалисти на Автомобил на Годината во Македонија за 2019 (Фото)
Првиот македонски електричен автомобил
Кој најмногу ги купува автомобилите на Tesla во Европа
Фантастична цена за првиот примерок од новата Toyota Supra (Фото)
Новата S- Класа со огромен екран на централната табла во стил на Tesla
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.