МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Шоубиз
Хуманитарен концерт посветен за естрадниот уметник Момо Николоски

Хуманитарен концерт посветен за естрадниот уметник Момо Николоски

недела, 10 февруари 2019, 09:56ч.   |   L.E.

 Во салата на хуманитарниот дом Даре Џамбаз во Скопје, на 17-ти февруари годинава, во недела во 18 часот ќе се одржи хуманитарен концерт посветен за естрадниот уметник Момо Николоски, на кому му е потребно скапо лекување во странство, бидејќи боледува од рак на желудникот.

 

Организатор на овој хуман настан е интерпретаторката Жаклина Узунова, сопруга на легендарниот поп и фолк музичар, професор и композитор Јанко Узунов, кој ненадејно почина во август 2014 година.Хуманитарниот концерт ке се одржи во соработка со Црвениот крст на град Скопје и ке биде насловен” Узун за Момо “на кој што ке учествуваат долгогодишни соработници и пријатели на Јанко Узунов.

Гостите ке можат да уживаат во музиката на учениците на школата за гитара “Узан”, гости ќе бидат и Горан Симевски, Кристијан Демјански млад надежен вокал од Берово, Кирил Узунов, Уни бенд од Валандово,а водителката ќе биде Катерина Стојановска Десковска. Итерес за присуство на концертот има и од други музички имиња кои што сакаат да бидат дел од оваа хуманост.

Жаклина вели дека оние кои во животот се соочиле со болест, своја или на свои блиски, и кои минале низ болничките ходници , најдобро знаат какво е чувството и колку на болните им е потребна помош. Таа смета дека за Николоски, кој во текот на својата децениска кариера добил над 200 пофалници и благодарници поради учества на хуманитарни настани, сега е време јавноста и на пријателите да му се оддолжат и да му помогнат.

-Благодарам на Црвен Крст на град Скопје кој ја отстапи салата каде ќе се случува настанот, и се надева дека естрадата масовно ќе помогне и многу пејачи ќе се пријават да настапат-вели за Вечер Узунова и дополни дека Момо има шансата да се излекува, да си продолжи со животот, а таа шанса му зависи од сите нас, од нашата хуманост.

Таа апелира сите кои што се во можност да дојдат на концертот, влезница нема да платат, но ќе бидат поставени кутии за донации и секој според својата мож ност може да помогне во лекувањето на Момо. Донаци може и на телефоните 143- 462 ВИП и 143- 123 Т-Мобиле

© ЖУРНАЛ    ~52,18

НАЈЧИТАНИ ОД ШОУБИЗ
Рада Манојловиќ во Скопје: Пејачката била гостинка на Шенки Версаче! (Фото)
Ми го уништи животот, Душко веќе не ми верува: И се распаѓа бракот на Карлеуша
Македонската водителка ги покажа новите силикони во бикини (Фoto)
ТВ водителката Бојана Скендеровски му останала должна голема сума на пари на екс сопругот Огнен!
Нови детали за порно аферата на Карлеуша: Пејачката пред своите ќерки Врањеш го претставувала како доктор? (Фото)
И Дара Бубамара ја прокоментира порно аферата на Јелена Карлеуша
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.