МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев – Харадинај: Новата реалност е од особено значење за Балканот
Фуере: Груевски падна поради партизацијата, оваа влада да не ги повторува ужасните гр..
Заев и Ципрас денеска во Минхен ќе ја добијат наградата „Евалд Фон Клајст“
Сопственикот на „Дурмо турс“ вели дека е можно возачот на кратко да изгубил свест
Македонија
Џафери во официјална посета на Словенија

Џафери во официјална посета на Словенија

недела, 10 февруари 2019, 09:05ч.   |   Z.H.

 Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од 10 до 12 февруари 2019 година ќе биде во официјална посета на Република Словенија.

 
Во состав на делегацијата предводена од претседателот на Собранието ќе бидат и членовите на пратеничката група за соработка со парламентот на Република Словенија, Фросина Ташевска-Ременски, потпретседател на Собранието на Република Македонија и член на Групата за соработка, Нада Ципушева, претседател на Групата за соработка со парламентот на Република Словенија, и Шпреса Хадри, исто така член на Групата за соработка.
 
Во рамките на официјалната посета претседателот на Собранието ќе се сретне со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан, со претседателот на Република Словенија и претседателот на владата на Република Словенија.
 
Покрај тоа, ќе се сретне со членовите на Комитетот за надворешна политика, Комитетот за ЕУ-работи, Комитетот за одбрана, Групата на пријателство со Република Македонија и со министерот за надворешни работи на Република Словенија.
 
Во програмата за посета е предвидено и обраќање пред пратениците на Државниот збор и средба со координаторите на пратеничките групи.

© ЖУРНАЛ    ~48,16

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Заев: Имам информации дека Елизабета Канческа-Милевска нема да гласа за уставните измени
Повик на МОН за учество во комисија за измена на учебници
Богојески: Можеме и шестти пат да го промениме името
ВМРО-ДПМНЕ: Заев натера повеќе од 70 отсто од граѓаните да сакаат да ја напуштат татковината
Поднесена кривична пријава за убиство во обид против телохранителот на Мијалков
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.