МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Култура
Изложба на ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ во Куманово

Изложба на ликовната колонија „Ѓуриште 2018“ во Куманово

недела, 10 февруари 2019, 10:26ч.   |   L.E.

Љубителите на уметноста на 07.02.2019 имаа можност во Центарот за култура Трајко Прокопиев да присуствуваат на отворањето на изложбата на слики од ликовната колонија „Ѓуриште 2018“, која ја организира Домот на култура Крсте Мисирков од Свети Николе.

Пред кумановци беа изложени вкупно 29 дела, работени во техниките масло и акрил на платно. Колонијата се одржала од 13-ти до 18-ти август, на две различни локации- во манастиротот „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Ѓуриште и во месноста Црнилиште.

– После неколку години ликовна пауза колонијата повторно се врати. Јас би рекол на големи врати меѓу присутните љубителите на уметноста. После неколку години пауза таа се врати. Се разликува од минатите колонии како по својот квантитет затоа што годинава односно минатата година учествуваа најмногу 16 уметници така и за квалитетот. Самата колонија беше финански помогната од Општина Свети Николе. За сите овие години преку колонијата поминаа голем број познати и признаени имиња од ликовната уметност и депото на Домот на културата е збогатено со повеќе од 300 дела од овие ликовни колонии, изјави Димитар Лазов, учесник на колонијата.

-Се работи за долгогодишна соработка воглавно за изложби, но во еден поранешен период имавме можност да соработуваме и на полето на фолклорот, театарските претстави па и на полето на музиката. Имате можност да се запознаете со делата од најновата продукција на ликовната колонија Ѓуриште 2018 каде учествуваа 16 автори од Македонија, Бугарија и Србија – истакна Роберт Цветковски, Центар за култура Куманово.

Изложбата Ѓурише досега била презентирана во Крива Паланка и Пробиштип а во Куманово ќе биде поставена до 20-ти февруари.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

© ЖУРНАЛ    ~36,12

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Шест романи во трката за „Роман на годината“
Почина македонскиот виолинист и концерт мајстор во Македонската опера и балет – Ѓоко Николовски
Натпревар на свечени фустани: Виенскиот бал во Скопје прослави јубилеј
Краток филм на Елеонора Венинова ќе се прикаже на Кан
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
Плати со поезија по 5-ти пат го разубави Скопје
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.