МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Јонкер за МИА: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
Сите претседатели на Република Македонија
Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет утре ќе биде отворена за граѓаните
ДИК: Гласањето на затворениците, болните и дијспората се одвива без проблеми
Економија
НБРМ: Активности за натамошно јакнење на финансиската стабилност во земјава, усвоени две стратегии

НБРМ: Активности за натамошно јакнење на финансиската стабилност во земјава, усвоени две стратегии

недела, 10 февруари 2019, 10:19ч.   |   L.E.

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. Со таква цел беа подготвени и Стратегијата за денаризација и Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните пласмани, што беа предмет на меѓуинституционално разгледување.

Овие стратегии, соопштија денеска од НБРМ, вклучуваат повеќе мерки, за чие спроведување е предвидено вклучување и на други надлежни институции.

Со Стратегијата за денаризација на Република Македонија, се појаснува, се потврдуваат заложбите за натамошно јакнење на довербата и ширење на употребата на домашната валута, што ќе придонесе за натамошно намалување на евроизацијата како значаен фактор за одржување стабилна економија и здрав банкарски сектор.

„Воедно, натамошното јакнење на довербата во домашната валута е во функција на поддршка на монетарната стратегија на таргетирање на девизниот курс на денарот. И покрај големиот напредок во намалувањето на евроизацијата (учеството на девизните депозити и депозитите со валутна клаузула во вкупните депозити од околу 59 проценти на почетокот на глобалната криза е намалено на околу 40 проценти), постои потреба од натамошно преземање активности во оваа сфера. Стратегијата нагласува дека прв и основен столб за соборување на евроизацијата е одржувањето на макроекономската стабилност, што успешно се остварува години наназад. Втор столб се посебните таргетирани мерки во различни области од страна на носителите на политиките“, стои во соопштението од НБРМ..

Покрај редовните анализи за соодветно приспособување во доменот на оперативното водење на монетарната и фискалната политика, се предвидуваат и повеќе мерки за развој на домашните финансиски пазари и вложувањата во хартии од вредност во домашна валута. Макропрудентните мерки во однос на банкарското работење,се подвлекува во соопштението, исто така ќе бидат редовно преиспитувани во контекст на намалување на евроизацијата. Регулаторните институции од областа на финансискиот систем ќе продолжат со постојана финансиска едукација, заради подигнување на општата свест за финансиските услуги и развој на финансиските вештини кај населението, што ќе ја зголемат свесноста за финансиските ризици.

„Стратегијата за поттикнување на справувањето и подобрување на управувањето со нефункционалните пласмани (лоши кредити) има за цел да придонесе кон подобрување на условите и зголемување на ефикасноста во наплатата на овие кредити, како и кон создавање услови за унапредување на деловните практики при прометот со побарувањата. За одржување здрав банкарски систем, но и за овозможување одржлив кредитен раст, од клучно значење е да се продолжи со поттикнување на активности за натамошно намалување на обемот на нефункционалните кредити кај банките, иако веќе се сведени на релативно ниско ниво (тековно изнесуваат околу 5 проценти и се меѓу најниските во регионот), вклучително и системски активности, кои би придонесле за подобрување на вкупниот амбиент за управување со нефункционалните кредити“, соопштуваат од НБРМ.

Исто како и за соборувањето на евроизацијата, така и за намалување на нефункционалните кредити, се потенцира, основен предуслов е макроекономската стабилност и водењето здрави политики што се основа за стабилен и предвидлив амбиент за работење на банките и на другите економски субјекти. Покрај макроекономските предуслови, се наведува во соопштението, особено важна улога имаат и остварувањата на корпоративниот сектор, квалитетот на управувањето со компаниите, но и начинот на кој банките ја оценуваат кредитната способност на своите клиенти. Исто така, регулаторната рамка, функционалноста на правниот систем, јасната даночна регулатива и степенот на развиеноста и функционалноста на пазарните сегменти претставуваат сфери коишто можат да придонесат кон подобрено управување со нефункционалните кредити.

„Во оваа насока, покрај зајакнување на супервизорскиот надзор на управувањето со нефункционалните кредити на банките, НБРМ ќе работи на натамошно подобрување во доменот на поставеноста и функционирањето на кредитниот регистар. Преку вклучување и на други надлежни институции, меѓудругото, ќе се преземат активности за подобрување на финансиското известување и корпоративното управување на компаниите, ќе се спроведе анализа на одредбите од законска регулатива во доменот на извршување, нотаријатот, стечајот и од областа на процената на имотот и нивното значење за управувањето со нефункционалните пласмани. Предвидени се и активности за развој на пазарот за нефункционални побарувања, како специфичен пазарен сегмент“, соопшти денеска НБРМ..

Се очекува активностите на НБРМ, Министерството за финансии и на осумте државни институции вклучени во процесот на спроведување на двете стратегии да придонесат за натамошно јакнење на стабилноста на финансискиот систем.

 

 

© ЖУРНАЛ    ~39,13

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
РКЕ: Либерализацијата на пазарот во овој момент ќе значи зголемување на цените на нафтата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Потпишани првите договори за закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари
Трошоците на живот во февруари на исто ниво како јануари
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.