МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Регион
Снежен бран го зафати Балканот

Снежен бран го зафати Балканот

среда, 09 јануари 2019, 14:28ч.   |   Z.H.

 Снежниот бран кој ги зафати Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија предизвика проблеми во патниот сообраќај.

 
Во Далмација паднаа 40 сантиметри снег, каде под снежна покривка се и приморските градови Омиш и Сплит. Снегот почна да паѓа вчера попладне, а посебно густ беше во Далматинска загора. За чистење на снегот се ангажирани 30 возила на земската служба. Метеролозите најавуваат разведрување во Хрватска, а потоа, во четврток се очекува силна бура.
 
Поради снежната бура во хрватскиот град Имотски денеска нема да се одржува настава во основните и средните училишта.
 
И главниот град на Црна Гора – Подгорица утрово се разбуди под снежна покривка. Според Хидрометеоролошкиот завод во градот паднале седум сантиметри снег. И во приморскиот град Улцињ врнеше снег, каде снежната покрива е еден сантиметри. Локалните власти повикуваат на претпазливост во сообраќајот.
 
Во близина на српскиот град Кикинда, автобус излета од патот, а според очевидци во инцидентот нема повредени. Авто-мото сојуз на Србија предупреди дека во северниот и западниот дел на земјата се очекува локална појава на дожд, која ќе се заледува на тлото, додека на југозапад, југ и југоисток на Србија се можни обилни снежни врнежи и значително зголемување на снежната покривка поради што повикуваат на задолжително носење зимска опера и внимателност про возењето.
 
Снежната покривка од неколку сантиметри предизвика проблеми во сообраќајот и во делови на Босна и Херцеговина. Сепак локалните власти информираат дека патиштата редовно се чистат и иако е сообраќајот отежнат, сите патни правци се проодни. 

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Најсрамниот момент од пречекот на Владимир Путин во Белград
Дрецун: Мора да прифатиме дека голема Албанија ќе биде создадена
Србите спремаат спектакуларен дочек на Путин - пред храмот ќе се соберат 70.000 луѓе
Гром удри во авион кој сообраќал од Келн за Солун
Починаа двајца познати актери од Хрватска и Србија
Лес: Република Српска конечно треба да се одвои од БиХ
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.