МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Во понеделник жрепка за кандидатите за градоначалници
„Не бараме милост, туку правда“ – демонстрантите со порака до Заев на протестот за Фе..
Катругалос: Ципрас ќе го посети Скопје првата седмица од април
Река прв, Силјановска втора, Пендаровски трет на гласачкото ливче
Свет
САД го спуштија статусот на ЕУ

САД го спуштија статусот на ЕУ

среда, 09 јануари 2019, 16:27ч.   |   Z.H.

 САД го намалија дипломатскиот статус на претставништвото на ЕУ во Вашингтон без официјално да го информираат амбасадорот и сега тој гласи – „Делегацијата на Европската унија за САД“. Ова значи дека ЕУ од аспект на САД е деградирана од државно ниво на статус на меѓународна организација.

 
Чекорот не е позитивно прифатен во Брисел и во тек се разговори со САД и за тоа биле одржани разговори меѓу САД и ЕУ уште декември. Набљудувачите не исклучуваат политички мотиви, односно антиевропскиот став на владата на Трамп кој зборува позитивно за Брегзит и ја напаѓаше ЕУ за одбраната или трговијата.
 
Во писмото испратено денеска до членовите на американскиот Конгрес, парламентарната делегација за односи со САД, го критикува „сè поштетниот пристап на Белата куќа“ и го осуди деградирањето на амбасадорот на ЕУ во Вашингтон.
 
Минатата година делегацијата на ЕУ забележала дека нејзиниот амбасадор во Вашингтон не е канет на одредени манифестации. Претставниците на владата на САД на дипломатите на ЕУ им потврдиле дека статусот на актуелниот амбасадор на ЕУ, Дејвид О’Саливен е деградиран, веројатно кон крајот на октомври или почетокот на ноември.
 
На денот на погребот на Џорџ Буш, 5 декември 2018 година, дипломатите во Вашингтон му оддаваа почест на починатиот претседател. Дејвид О’Саливен притоа не бил прозван како дотогаш по хронолошки ред според годините во службата, туку како последен, вели службеник на ЕУ. О’Саливен во такви пригоди секогаш беше меѓу првите 20 до 30 прозвани од повеќе од 150 амбасадори акредитирани во Вашингтон. Тој е амбасадор на ЕУ од 2014 година.
 
Администрацијата на САД го деградирала дипломатскиот статус на – како што официјално гласи – „Делегацијата на Европската унија за САД“ уште на крајот на минатата година. Таквиот чекор не беше најавен и значи дека ЕУ од аспект на САД е деградирана од државно ниво на статус на меѓународна организација. „Не знаеме точно зошто го сториле тоа, затоа што не нѐ информираа“, изјави за ДВ претставник на ЕУ во Вашингтон. „Можам да потврдам дека тој чекор не е позитивно прифатен во Брисел.“
 
Во Брисел велат дека се во тек разговори со САД околу ова прашање. Уште во декември, како што велат, за тоа се одржани разговори помеѓу САД и ЕУ. Претставниците на ЕУ во Брисел потврдија дека актуелниот амбасадор на ЕУ, Дејвид О’Саливен повторно го добил својото протоколарен ранг, меѓутоа овој дипломат е на функција само до февруари годинава.
 
Евроатлантските односи континуирано се влошуваат откако Трамп стана претседател пред две години.

© ЖУРНАЛ    ~75,25

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Помпео во Унгарија: САД нема да дозволат Путин да направи раздор во НАТО
Демократите во Вирџинија ги тресат расистички и секс скандали
Стотици возачи во Британија ноќта ја минаа по автомобили и пабови
Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан во јужна Германија
Британија, Шпанија, Франција и Шведска го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела
Закани за поставени бомби во 130 објекти во Московскиот Регион
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.