МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Свет
Киднапиранa сопругата на еден од најбогатите Норвежани, киднаперите бараат откуп во криптовалута

Киднапиранa сопругата на еден од најбогатите Норвежани, киднаперите бараат откуп во криптовалута

среда, 09 јануари 2019, 14:26ч.   |   Z.H.

 Норвешката полиција денеска објави дека сопругата на милијардерот Том Хаген била киднапирана и дека нејзините киднапери побарале откуп од 9 милиони евра.

 
Главниот иследник, Томи Броеск, рече дека Ана-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала на 31 октомври минатата година, објави АП.
 
Нејзиниот сопруг Том Хаген, инвеститор за недвижнини и сопственик на енергетски објекти, е на листата на најбогатите 400 луѓе во земјата, објавена од норвешкото финансиско списание „Капитал”.
 
Полицијата соопшти дека во пораката пронајдена во нивниот дом источно од Осло е опишано што ќе се случи со неа, ако не биде исплатена откупнина во криптовалутата монеро.
 
Деталите на пораката не беа обелоденети, но беше кажано дека киднаперите се заканија со насилство.
 
Таквите случаи се многу ретки во Норвешка, земја со ниска стапка на криминал.
 
Веста за едномесечното исчезнување за првпат беше објавена од „Афтенпостен“ во средата, тврдејќи дека тие го знаеле случајот веќе некое време, но им било наредено да не објавуваат детали за да ја заштитат г-ѓа Хаген.
 
Се чини дека г-ѓа Хаген беше киднапирана од бањата во нејзиниот дом и имаше „ограничен дијалог” со киднаперите преку интернет.
 
Во средата наутро, кога „Афтенпостен“ го објави својот извештај, полицијата постави кордон околу куќата.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Филмски грабеж во Италија, од блиндирано возило украдени 2,3 милиони евра
Маж со автомобил удри во пешаци и си го уби својот 2-годишен син
Кина ќе се соочи со незапирлив пад на населението
САД го спуштија статусот на ЕУ
Ел Чапо му дал 100 милиони долари на претседателот на Мексико
Лондонските аеродроми нарачаа воена опрема против дронови
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.