МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Економија
До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд

До февруари засилени инспекциски контроли во приватните фирми за исплата на К-15, најави Државниот Инспекторат за Труд

среда, 09 јануари 2019, 13:05ч.   |   L.E.

Државниот инспекторат за труд соопшти дека од почетокот на оваа година прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15, по вчерашната одлука на Владата со која го задолжи да изготви информација како е спроведена исплатата на регресот за годишен одмор и какви мерки се преземени против компаниите кои не ја испочитувале оваа законска обврска. Инспекторатот ги повика работниците на кои не им е исплатен К-15, тоа да го пријават на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15131.

„Надзорот кој што почна од почетокот на годината ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производство на текстил и чевли“, соопшти Државниот инспекторат за труд.

Од Инспекторатот велат дека засилен инспекциски надзор се прави во производството на текстил и чевли, бидејќи најголем број претставки изминатите години биле од вработените во овие дејности.

Напоменуваме дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно Законот и колективните договори, ќе преземеме мерки. При инспекцискиот надзор, ќе се проверува исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Во Спогодбата е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 отсто од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач“, велат од Државниот инспекторат за труд. 

© ЖУРНАЛ    ~66,22

НАЈЧИТАНИ ОД ЕКОНОМИЈА
Регулаторна одлучи: Големо поскапување на бензинот и дизелот
Велигден ги поскапе земјоделските производи, а се намалува цената на јагнешкото
Поскапуваат горивата
Евидентирани 190 илјади невработени, 70% не се појавуваат на интервју, а 30% ја одбиваат работата по интервјуто, вели АВРМ
Производствените фирми тешко наоѓаат стручен кадар
РКЕ: Сопствениците на станови исклучени од парно нема да плаќаат ако живеат во нив
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.