МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Претседателот Пендаровски го прими германскиот амбасадор Герберих
Заев ги разреши сите претседатели на општинските ограноци на СДСМ
Јовески: Нема законски и било какви други пречки Интерпол да ја објави потерницата по..
Во Скопје ЗОО ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови
Култура
Домот на култура во Пехчево со изложба

Домот на култура во Пехчево со изложба

среда, 09 јануари 2019, 13:23ч.   |   L.E.

Домот на култура „Јане Сандански“ од Пехчево продолжува со културните активности во 2019 година.
Како што информира директорката Ана Марија Теохарова, на 11 јануари во петок, пред пехчевската публика со 30-тина свои дела во рамки на изложбата „Парижанка во Пехчево“ ќе се претстави уметникот Лена Ѓуриќ.

Уметноста значи создавање со чувства. Начин на изразување на она што зборовите не можат да го искажат. Уметноста придонесува во подобрување на заедниците, за поттикнување на креативноста, за зајакнување на вештините за учење, за поттикнување на самодовербата и многу повеќе. Мене ми претставува огромна чест и задоволство што во следниов период ќе бидеме домаќини на еден ваков убав настан, кој што сме го немале долги години. Со ова сакаме да ги поттикнеме и нашите сограѓани да ги искажат и прикажат своите идеи и мисли на креативен начин. Уметноста тоа ни го нуди, а ние сме тука за да дадеме поддршка на нив, вели Теохарова.
Богатата колекција од ликовни дела од авторката Лена Ѓуриќ досега се изложувани низ повеќе градови во Македонија, како Штип, Битола, Струмица, Радовиш, Виница, Свети Николе, Берово, Делчево и Скопје, а овој петок за прв пат ќе бидат претставени пред љубителите на уметноста од Пехчево.

По прикажувањето на филмот „Исцелител“, изложбата „Парижанка во Пехчево“ е втора активност на новиот директор на пехчевската културна установа од каде најавуваат збогатување на културниот живот во Пехчево во новата 2019 година. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

© ЖУРНАЛ    ~54,18

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Маја Вукичевиќ се омажи, љубоморниот сопруг ја натера да го избрише минатото
Се огласи таткото на Меган Маркл после раѓањето на внукот и сите ги изненади со пораката која ѝ ја испратил на својата ќерка
Сара Мејс денеска го покажа своето “Копито”
„Дупер“ ја избркаа тапанарката, па промовираа нова песна
Конкурс за „Пегаз" – нова книжевна награда за необјавен роман
Утре почнува саемот на книгата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.