МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Спорт
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид

Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид

вторник, 08 јануари 2019, 15:45ч.   |   Xh.I.

Контроверзниот португалски менаџер Жозе Мурињо, откако доби отказ во Манчестер јунајтед сега е прв фаворит за да се врати на клупата на Реал Мадрид, па обложувачниците веќе го ставија прв на листата на потенцијален наследник на привременото решение Сантјаго Солари.

И дека Реал Мадрид сака повторно да го има Мурињо на клупата, објави познатиот шпански новинар Францеск Агилар, кој посочил дека Португалецот на „кралевите“ им поставил два услови за да ги исполнат за да се врати на „Сантјаго Бернабеу“.

    „Мурињо веќе ја одби понудата на Бенфика и на првиот човек на Реал му предочил дека нема ништо против да седне на клупата на Реал. Како услови, Мурињо го поставил ангажманот на дефанзивец и на врвен голгетер за да го преземе клубот“, вели Агилар, инаку новинар во каталонскиот „Мундо Депортиво“.

Мурињо беше три години тренер на Реал, но немаше премногу успех со само една титула, еден куп и еден шпански суперкуп. Ерата на Реа започна со Карло Анчелоти, а кулминација доживеа со Зинедин Зидан, кој за две ипол сезони донесе три титули во ЛШ.

© ЖУРНАЛ    ~111,37

НАЈЧИТАНИ ОД СПОРТ
Мурињо поставил два услови за да се врати во Реал Мадрид
Ница го отпушти Балотели, но за нов клуб воопшто не чекаше
„Ако Мурињо сака кај нас – парите не се проблем“
Челзи објави рекордно зголемување на приходите
Скромниот Солскјер импресионираше со изјавата откако го израмни историскиот рекорд во Јунајтед
Манџукиќ се огласи откако Италијанците му ја „завршија“ кариерата
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.