МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Град Скопје: Соработката со фирмата на партнерот на Царовска е законска
Претседателот ги потпиша указите за 21 закон
Трипуновски: Мојот отказ е политички реваншизам
Русковска: Ги добивме документите од Албанија за Груевски, но не откриваат ништо ново
Македонија
Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!

Журнал дознава: Владимир Ѓорчев, кандидат за Претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ?!

вторник, 08 јануари 2019, 14:00ч.   |   Z.H.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, пред неколку недели одлучи кандидатот за претседател на Македонија, да го одбере конгресот на партијата на 16 февруари, пишува Журнал.

Пред тоа, ВМРО-ДПМНЕ објави конкурс за апликација на кандидатите која што ќе биде отворена до 31 јануари.
 
Новинската агенција Журнал (Zhurnal.mk) неофицијално дознава дека ВМРО-ДПМНЕ на претседателските избори ќе кандидира со Владимир Ѓорчев, пратеник во Собранието на Република Македонија. Извори од оваа партија за Журнал велат дека Ѓорчев ја има абсолутната подршка од централниот комитет на партијата и дека со него сакаат да го поправат имиџот и кај меѓународниот фактор, знаејќи дека Ѓорчев има одлични односи со високи американски претставници.
 
Во некои медиуми минатата недела се објавија неколку имиња за кандидат за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Саво Климовски, Гордана Силјановска, тања Каракамишева и Трајко Славевски.
 
До сега ниту еден кандидат не пратил барање во објавениот оглас што трае до 31 јануари. Новинската агенција Журнал дознава дека Владимир Ѓорчев за десетина дена ќе се пријави во објавениот конкурс на партијата за кандидат за Претседател, со што се очекува да добие и подршка од највисоките органи на партијата.
 
Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов завршува за некои месеци, а претседателските избори треба да се одржат во мај оваа година./Журнал.мк

© ЖУРНАЛ    ~240,82

НАЈЧИТАНИ ОД МАКЕДОНИЈА
Вајгл: Има една незгодна работа за Македонија, а тоа е дека за неа се зборува во пакет со Албанија
Галетановски: Не сум ја навредувал Сиљановска лично, не е моја вина што секој ден има нов гаф
Мајката и двете ќерки целосно изгореле, телото на таткото било изгорено до половина
Ќе се менуваат законите за вработените во јавниот сектор и административните службеници
Анагностопулу: И да победи Сиљановска, на меѓународно ниво нема да направи ништо за Договорот од Преспа
Јахја Кемал: Секоја година пред уписите се шират невистини за нас
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.