МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
СДСМ: Ниту една постапка на Мицкоски нема да го запре напредокот на Македонија
Заев: Голема поддршка е што Словенија е точка за контакт со НАТО
Ерјавец: Словенија ја разбира жртвата што ја прави Македонија и дава безрезервна подд..
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Регион
Српско-црногорската заедница бара 7 јануари да биде државен празник во Албанија

Српско-црногорската заедница бара 7 јануари да биде државен празник во Албанија

вторник, 08 јануари 2019, 14:07ч.   |   Z.H.

 Српско-црногорската заедница во Албанија, која Христовото раѓање,Божик,  го слави според јулијанскиот календар, повторно побара од албанските власти овој ден да биде прогласен за државен празник.

 
– Продолжуваме со напорите овој ден да биде неработен ден за регоните каде што живеат православни Срби, Црногорци и Македонци кои Божик го слават на седми јануари, а зошто да не биде и државен празник. Албанија е земја со многу национални празници, па дури и празници за обични работи – изјави Павло Јанко,  претседател на српско-црогорското здружение „Розафа-Морача“.
 
Јанко зборуваше и околу дебатата поврзана со големиот крст во близина на Скадар, наведувајќи дека не станува збор за нова градба, туку реконструкција, за што не била потреба дозвола од институциите.
 
Верниците од српска и црногорска националаност по традиција Хрстовото раѓање го дочекаа во црквата „Св. Троица“ во селото Врака во Голема Малесија, кај Скадар, област населена главно со припадници на овие две етнички заедници.
 
Со свечената литургија чиноначалствуваше отец Предраг Сепановиќ делегиран  од Црногорската православна црква.
 
– На сите православн верници им го честитам празникот на Хрстовото раѓање-Божик. Бидете благословени сите православни верници каде и да живеете во Албанија.Треба да живееме во мир и хармонија со браќата Албанци. Посакувам бадниковиот оган да ги затопли сите срца и души, не само на овој празник,туку секогаш.Христос се роди,навистина се роди – порача отец Степановиќ.
 
Според здруженито „Розафа-Морача“ во Албаноја, главно во северниот дел, живеат над 40 илјади Срби  и Црногорци.

© ЖУРНАЛ    ~45,15

НАЈЧИТАНИ ОД РЕГИОН
Најсрамниот момент од пречекот на Владимир Путин во Белград
Дрецун: Мора да прифатиме дека голема Албанија ќе биде создадена
Србите спремаат спектакуларен дочек на Путин - пред храмот ќе се соберат 70.000 луѓе
Гром удри во авион кој сообраќал од Келн за Солун
Починаа двајца познати актери од Хрватска и Србија
Лес: Република Српска конечно треба да се одвои од БиХ
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.