МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон
Заев категоричен: „Не ни помислувам за смена на Катица Јанева“
ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски и Чавков се жртви на политички монтирани случаи
ДИК: На претседателските избори во странство ќе може да гласаат вкупно 1.782 граѓани ..
Свет
Украина ја тужи Русија поради инцидентот во Керчанскиот теснец

Украина ја тужи Русија поради инцидентот во Керчанскиот теснец

вторник, 08 јануари 2019, 14:03ч.   |   Z.H.

 Владата на Украина поднесе до Европскиот суд за човекови права тужба против Москва поради кршење на правата на украински морнари, кои беа уапсени по инцидентот во Керчанскиот теснец, изјави украинскиот заменик-министер за правда, Иван Лишчина.

 
-Владата на Украина ги исполни инструкциите на судот и на 7 јануари 2019 година, поднесе полноправна пријава за предметот со број 55855/18, напиша Лишчина на Фејсбук.
 
Како што наведе, Владата на Украина бара од Европскиот суд за човекови права да го осуди како нелегално затворањето на 22 украински морнара и двајца членови на Службата за безбедност на Украина (СБУ) во казнени установи на Руската Федерација и кривично гонење по притворање поради наводно нелегално преминување на руската граница.
 
Претходно, Министерството за правда на Русија го информираше Европскиот суд за човекови права,  каде се наоѓаат украинските морнари, каков им е пристапот до правна помош, каква е нивната здравствена состојба и наведе дека тие немаат забелешки на третманот.
 
Руските морски сили на 25 ноември 2018 година, во Керчанскиот теснец запленија три украински воени бродови и го уапсија екипажот со образложение дека ги нарушиле руските територијални води. 

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД СВЕТ
Помпео во Унгарија: САД нема да дозволат Путин да направи раздор во НАТО
Демократите во Вирџинија ги тресат расистички и секс скандали
Најмалку пет лица загинаа во пожар во стан во јужна Германија
Стотици возачи во Британија ноќта ја минаа по автомобили и пабови
Британија, Шпанија, Франција и Шведска го признаа Гуаидо за привремен претседател на Венецуела
Закани за поставени бомби во 130 објекти во Московскиот Регион
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.