МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Заев: Амнестиите се завршена работа
Теохаропулос: Во регионот се потребни политики далеку од национализмот
Малолетниците кои побегнаа да живеат заедно оти биле во врска се вратија дома
ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците
Култура
Mакедонскиот филм „Црни и Криви“ награден на фестивал во Романија

Mакедонскиот филм „Црни и Криви“ награден на фестивал во Романија

понеделник, 07 јануари 2019, 13:32ч.   |   Z.H.

 Македонскиот краткометражен филм „Црни и Криви“ на Марко Џамбазоски доби признание на романскиот фестивал „12 Mоnths Film Fеstivаl” кој се одржува во Клуж-Напока. Филмот е награден во две категории „Награда од публика“ и „Продуцент на месецот“.

 
Филмот досега беше прикажан на повеќе филмски фестивали низ светот меѓу кои и: „Пула Филм Фестивал“ (Хрватска), „Синедејс“ (Македонија), „Slum Film Festival” (Кенија), „Омладински“ (Босна и Херцеговина), Early Bird (Бугарија), InShort Film Festival (Нигерија), RIFAC (Тунис), East Anglian Film Festival (Англија), Lift-off (Англија), Comedy Cluj (Романија), Diorama (Индија), Linea d’Ombra (Италија) Balkans Beyond Border (Србија) и други.
 
„Црни и Криви“ е македонска комедија во режија на Марко Џамбазоски, кој е и сценарист и монтажер на филмот, извршен продуцент е Бошко Мангаровски, Марко Димитриевски е директор на фотографија, а главните улоги ги толкуваат: Горан Ников, Тони Денковски, Чедомир Митевски, Ердоан Максут, Мирјана Трпковска. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности – Скопје.

© ЖУРНАЛ    ~42,14

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
Руската зима во кинотека почнува со „Ана Каренина: Приказната на Вронски“ на Шахназаров
Шест романи во трката за „Роман на годината“
„Медена земја“ ќе ја смени перцепцијата за македонскиот филм
Операта „Хофманови приказни“ во МОБ
Филмска вечер во Кинотека со германскиот филм „Што останува“
„Медена земја“ прогласен за најдобар светски документарец на „Санденс“
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.