МАКЕДОНИЈА РЕГИОН СВЕТ ЕКОНИМИЈА ХРОНИКА СПОРТ КУЛТУРА КОЛУМНИ TRENDING KITCHEN ШОУБИЗ ЗДРАВЈЕ ЗАНИМИЛИВОСТИ ТЕХНОЛОГИЈА АВТО
Никола Војминовски, осуден за нападот врз Зијадин Села избегал?
СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во клинч за Антикорупциска комисија
Малолетничка подведувана на сексуални услуги
СДСМ: Заложбите на ВМРО-ДПМНЕ за борба против корупцијата се лажни
Култура
Концерт на класична музика во спомен на градоначалникот Стојаноски

Концерт на класична музика во спомен на градоначалникот Стојаноски

петок, 04 јануари 2019, 14:37ч.   |   Z.H.

 Младите српски солисти Александра Петровиќ и Стеван Каранац заедно со Српскиот камерен оркестар на 12 јануари ќе настапат во црквата „Света Софија“ во организација на фестивалот „Охридско лето“.

 
Концертот, како што соопшти Националната установа „Охридско лето“, ќе биде посветен на прерано починатиот градоначалник на Општина Охрид, Јован Стојаноски.
 
Исклучително талентираната уметница Александра Петровиќ своето основно и средно музичко образование ги завршила во Ниш, во класата на професорот Гордана Милошевиќ, на катедрата соло пеење. Настапувала во Ниш, на НИМУС, на концертите на Виенските валцери и оперски арии со Видинската филхармонија, со Младинската филхармонија „Наисус“, како и со дувачкиот квинтет „Нишки солисти“. Во моментов е на специјалестички студии  на Факултетот за музички уметности во Белград, во класата на професорот Никола Мијаиловиќ. Од 2018 година, Петровиќ е хоноререн соработник на Операта и Народниот театар во Белград.
 
Тенорот Стеван Каранац, музичкото образование го почнал во 2009 година во  музичкото училиште  „д-р Милоје Милојевиќ“ во Крагуевац. Стилот и техниката на пеење и глума ги усовршува на многу работилници и мајсторски курсеви со плејада успешни пејачи, режисери и актери. Го завршил и курсот за оперски студии  „Борислав Поповиќ“  во Народниот театар во Белград. Како активен учесник на интернационални натпревари во Србија, регионот и странство, добитник е на бројни награди, меѓу кои и „Лауреат“. Од 2013 година одржува бројни концерти во Србија и надвор од земјата.
 
Српскиот камерен оркестар е основан во 1994 година од страна на уметничкиот директор и диригент Ѓорѓе Павловиќ. Оркестарот работи во неколку постави: како гудачки, камерен во мешан состав, мал симфонискии,  помали камерни состави како дуа, триа, квартети и слично.Специјализиран е за изведување дела од современи српски композитори со традиционални елементи. Освен тоа, на репертоарот на  оркестарот се застапени  дела од светски композитори од сите епохи, од барокот до денес.
 
Српскиот камерен оркестар е добитник на високи оцени од страна на стручната критика, а Култната просветна заедница од Белград му доделила награда за траен придонес  во културата за 1995 година. Како потврда за квалитетот за досегашната работа се големиот број трајни снимки за Радио-телевизија Србија, изведби што покажуваат  голема техничка подготвеност на ансамблот  и високо ниво на музицирање, кои се неопходни  за да се изведе една сложена работа како што се снимањето концерти во живо.Членовите во оркестарот се успешни уметници, кои често настапуваат и како солисти.

© ЖУРНАЛ    ~33,11

НАЈЧИТАНИ ОД КУЛТУРА
За прв пат македонски филм во главната програма на Берлинскиот фестивал
Превод на поетска книга од Ненад Шапоња „Постои ли допир на твојата душа“
„Оливер Твист“ во Театар за деца и младинци
Домот на култура во Пехчево со изложба
Хрватски детски филмски евергрини од денеска Во Кинотеката
Концерт на класична музика во спомен на градоначалникот Стојаноски
МАРКЕТИНГ ИМПРЕСУМ КОНТАКТ

© 2009-2019 НОВИНСКА АГЕНЦИЈА „ЖУРНАЛ“.
Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Сите права се задржани.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.